Производ на денот oд Brainster: Принтајте фотографии директно од мобилен

во ИТ.МК, Совети

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Секојдневно фотографираме десетици фотографии со нашиот мобилен телефон и никогаш не погледнуваме во истите. Тие фотографии немаат никаква вредност за нас. Prynt направија интересен производ кој го решава овој проблем. Prynt е додаток за iPhone и Galaxy паметните телефони кој ви овозможува инстант принтање на фотографиите. Производот е едноставен, го прикачувате додатокот на вашиот паметен телефон, фотографирате и фотографијата за триесетина секунди се принта.

Ова можеби е најдобрата работа што и се случило на мобилната фотографија по Instagram. Овој уред исто така може да принта фотографии кои се веќе на вашиот мобилен уред како и фотографии од вашите социјални медиуми. Исто така овој интересен уред ви овозможува да снимите кратко видео пред да фотографирате, со што ја претвара вашата фотографија во видео. Ова мора да го погледнете:

Тимот на Prynt почна да работи на овој производ во Јануари оваа година и релативно брзо излезе со потполно функционален производ. Првата серија од овој супер додаток за вашиот паметен телефон ќе биде пуштена кон средината на Октомври а цената за ќе биде 99 долари. Овој проект исто така направи и супер успешна kickstarter кампања каде од околу 9000 влужувачи собра повеќе од 1,5 милиони долари.

Дали вие размислувате да развиете некој ваков кул производ?

Среќно,
Brainster заедницата

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments