Tweetbot објави четврта верзија на својата апликација, која веднаш доби позитивни оценки, дури и беше наречена како „најдобриот начин за користење на Twitter на iOS“ од Verge. Станува збор за нова апликација, надградба на постоечката Tweetbot 3, која е универзална и за iPhone и за iPad, но iPad апликацијата овозможува значително поголема функционалност.
Најголемата предност на новиот Tweetbot е додавањето на Activity таб, во кој се сместени сите нотификации, па корисниците можат да видат кој ги спомнал, ретвитнал, или одбрал „омилен“ за некој од твитовите. Дополнително за разлика од оригиналната апликација Tweetbot доаѓа со интересна можност за прикажување на статистиката која покажува како дел од следбениците „комуницираат“ со профилот, што секако е поважно за профилите на јавните личности или на официјални твитер профили на компании. iPad аплиакцијата во целост го користи поголемиот екран кој доаѓа со уредот, фидот е поделен во две „столбчиња,“ апликацијата овозможува следење на статистиката во едниот столб и активностите во другиот.
Сепак, проблем со апликацијата е што чини 5 долари наспротив официјалната Twitter апликација која е бесплатна, и што можеби некои корисници, меѓу кои и ние, го преферираме поедноставниот дизајн на официјалната апликација на Тwitter. Но, зошто да не го пробате и Tweetbot и да го тестирате сами?