Официјално PhotoMath станува дел од Google

Надополнето

Европската комисија процени дека купувањето на PhotoMath нема да ја наруши конкуренцијата кај онлајн алaтките и едукативните апликации кои помагаат со решавање на задачи по математика. Со оваа одлука Google и официјално може да заврши со купувањето на хрватскиот стартап.

„Двете компании заедно ќе имаат мал дел од пазарот на кој има многу алтернативи“.


Google најави купување на хрватскиот стартап PhotoMath, едукативна апликација со над 300 милиони преземања. Веста за купувањето доаѓа од Европската комисија, која треба да даде потврда за да се финализра зделката. Европската комисија постави рок до 28 март, до кога треба да ја донесе конечната одлука. Ако се реализира, ова може да биде најголемо купување на компанија во Хрватска. Вкупната сума би можела да надмине над 130 милиони евра (1 милијарда куни), пишува Jutarnji List.

Интересот на Google го потврди и основачот на PhotoMath, Дамир Сабол.

„Потпишавме договор со Google  за преземањето, но тој е подложен на регулаторно одобрување“, вели Сабол.

Потврда за договорот дојде и од портпаролот на Google кој открива дека, договорот е потпишан во мај 2022 година. Google ќе ја искористи апликацијата за да ја подобри својата услуга и да ги подобри алатките за едукација.

„Технологијата на PhotoMath ќе му помогне на Google да ја подобри својата способност да обезбеди подобри искуства за учениците да учат математика, помагајќи во изградбата на производите на Google кои се однесуваат на помош во пишување на домашните задачи.“, вели портпаролот на Google.

Тимот на PhotoMath / Извор https://photomath.com/en

Што е PhotoMath?

PhotoMath е апликација за математичка едукација. Корисникот треба само да го фотографира математичкиот проблем и ќе добие решение. Апликацијата користи камера од паметен телефон за да го препознае математичкиот проблем. Започна со препознавање на проблеми кои се печатени, но сега веќе може да препознае и рачно напишани формули.

Покрај тоа што овозможува решавање на проблемите, нуди и помош со решавање чекор по чекор. Апликацијата може да се користи за решавање на куп математички операции. Започна со аритметички операции, дропки, децимални броеви, линеарни равенки, но оттогаш се додадени куп надградби и нови функционалности.

 Тоа што ја прави апликацијата популарна е едноставноста при користењето. PhotoMath може да препознае формули и математички проблеми со едноставно насочување на камерата на телефонот, а доаѓа и со црвен маркер на екранот кој покажува каде треба да се смести формулата.

По скенирањето, доаѓаат објаснувањето на чекорите во решавањето. Апликацијата има и премиум „PhotoMath Plus“-претплата со која се добиваат повеќе придобивки, а една од нив е визуелно објаснување на чекорите.

Кратка историја на PhotoMath

PhotoMath започна во 2014 година како производ на хрватскиот стартап MicroBlink. Основач на компанијата е Дамир Сабол, еден од првите хрватски стартап претприемачи.

MicroBlink излезе како спиноф команија од Računi.hr. Во овој период паметните телефони само што започнуваа, а компанијата веќе беше фокусирана на камерите и обработка на текст кој е фотографиран. Првиот производ на MicroBlink – PhotoPay овозможуваше фотографирање на сметка со паметен телефон и нејзино плаќање на овој начин.

Препознавањето на карактери со телефонот беше она што го инспирира Дамир Сабол со идејата за PhotoMath. Почетоците на апликацијата како што вели и самиот во поткастот на Netokracija не беа да се направи апликација за едукација. Почетоците беа себични, сакав да направ апликација која мене ќе ми помогне додека ги подучувам моите деца математика, вели Сабол.

PhotoMath го креиравме како експеримент. Бев дома и му помагав на синот со домашното. Додека ја проверував домашната мислев, навистина можеме да ја користиме нашата технологија да ги читаме задачите и да ги проверуваме задачите. Тоа беше себична работа. Ок, од ова сите имаат некаква потреба…

Го направивме (PhotoMath) како потврда на технологијата на MicroBlink.

Компанијата немала премногу средства за маркетинг, но верувале во технологијата. Идејата била да се креира апликација која ќе решава широко распространет проблем и која ќе ги претстави можностите на технологијата.

Својата прва јавна презентација PhotoMath ја имаше на TechCrunch Disrupt. Апликацијата не го воодушеви жирито на натпреварот, но апликацијата стана интересна за медиумите и за корисниците на настанот. Наскоро апликацијата го помина Facebook Messenger и се искачи на првото место на американскиот AppStore.

Наскоро им стана јасно дека имаат два успешни производи кои сепак се различни бизниси. MicroBlink беше наменет за деловни корисници, а PhotoMath за крајни корисници, едукативна алатка. Од гледна точка за пронаоѓање на инвеститори спојувањето на двата призводи немало логика и поради ова ги поделиле двете компании.

Во првиот месец по претставувањето на TechCrunch Disrupt, апликацијата имаше над 8,5 милиони корисници.

Основачи на PhotoMath se Дамир Сабол, Марко Миховилиќ, Матија Корпар и Саша Скевин. Иако компанијата е основана во Хрватска седиштето и е во Сан Матео, Калифорнија.

Пред да биде купен од Google Photomath дојде до инвестиции од 29 милиони долари. Помеѓу инвеститорите се Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic. Најголемите инвестиции се во две рунди. Во ноември 2018 стартапот успеа да собере 6 милиони долари, во инвестиција во која водечки инвеститор е Goodwater Capital. Во февруари 2021, PhotoMath успеа да собере 23 милиони долари, а најголем инвеститор беше Menlo Ventures.

Кој е Дамир Сабол?

Дамир Самбол е сериски основач на стартапи. Тој е еден од првите претприемачи во Хрватска и еден од првите основачи на стартап во Хрватска. Во 2006 година, за 100 милиони куни го продаде својот прв стартап Iskon на хрватски телеком.

Основач е на повеќе компании, а веројатно најголем успех има со MicroBlink и PhotoMath. Со MicroBlink разви технологија која може да обработи фотографија и да креира податоци кои се разбирливи за компјутерот. Еден ден по неговата презентација на TechCrunch Disrupt, над 100.000 корисници ја преземаа апликацијата.

Fun Facts

  • Основачот на компанијата Дамир Сабол ја добил идејата за PhotoMath додека им објаснувал математика на своите деца.
  • Дамир Сабол е основач на Iskon, првиот независен интернет провајдер во Хрватска
  • Премиерното претставување PhotoMath го имаше 2014 година на TechCrunch Disrupt
  • Од 2016 апликацијата препознава и рачно пишан текст.
  • Во 2017 PhotoMath беше избрана во најдобрите 20 алатки за предавање и учење
  • Од 2021 апликацијата има над 250 милиони преземања глобално, денес PhotoMath има над 300 милиони корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (0)Forum replies (0)

No replies yet

Loading new replies...

Google најави купување на хрватскиот стартап PhotoMath, едукативна апликација со над 300 милиони преземања. Веста за купувањето доаѓа од Европската комисија, која треба да даде потврда за да се финализра зделката. Европската комисија постави рок до 28 март, до кога треба да ја донесе конечната одлука. Ако се реализира, ова може да биде најголемо купување на компанија во Хрватска. Вкупната сума би можела да надмине над 130 милиони евра (1 милијарда куни), пишува Jutarnji List.

Интересот на Google го потврди и основачот на PhotoMath, Дамир Сабол.

Што е PhotoMath?​

PhotoMath е апликација за математичка едукација. Корисникот треба само да го фотографира математичкиот проблем и ќе добие решение. Апликацијата користи камера од паметен телефон за да го препознае математичкиот проблем. Започна со препознавање на проблеми кои се печатени, но сега веќе може да препознае и рачно напишани формули.

одговори Лајк

click to expand...
Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk