ProdACT и зајакнувањето на продукт менталитетот во Македонија

Иако Македонија и регионот веќе со години важат силен извор на технички талент, културата за градење на софтверски продукти сè уште е во една почетна фаза. Во исто време, земјата добива и нови иницијативи кои почнуваат да го пополнуваат тој јаз. Една од нив е ProdACT – непрофитна организација, создадена пред една година од и за професионалци со заедничка мисија: да ја развијат продукт заедницата, да поттикнат критичко размислување и да создадат средина во која се градат продукти што корисниците ќе сакаат да ги користат.

Зад оваа иницијатива стои Олгица Стрезоска, ко-основач и претседател на ProdACT, која верува дека силните продукти не се резултат на индивидуален талент, туку на здрава заедница, размена на знаење и храброст да се носат вистинските одлуки. Во разговор за IT.mk, Олгица објаснува како настана ProdACT, што ѝ недостига на домашната продукт сцена, каква улога има заедницата во создавањето подобри решенија и каде ја гледа оваа иницијатива во следните неколку години.

Олгица Стрезоска

Олгица Стрезоска: ProdACT настана од јасна потреба. Во Македонија недостасува организирана продукт заедница што гради знаење, критичко размислување и вистинска продукт култура. Идејата се роди по една одлична продукт конференција во Белград, каде што станa јасно колку ваков екосистем ни недостига локално. Мојата лична мотивација е едноставна: да растеме заедно како професионалци и да докажеме дека и од Македонија можат да се градат продукти што корисниците ги сакаат.

ОС: Заедницата е клучна затоа што нѐ вади од секојдневието и од нашата комфорт зона. Кога предолго сме во иста средина, почнуваме да мислиме ограничено. А кога сме дел од заедница добиваме нови перспективи, учиме од туѓи грешки и успеси и се инспирираме да правиме подобри продукт одлуки. 

ОС: Она што недостига во нашиот екосистем е вистинска продукт автономија. Поголемиот дел од ИТ компаниите работат за надворешни клиенти, каде стратегијата и discovery процесот не се локално водени. А тоа резултира во немање потреба од продукт менаџери во компаниите и тимовите во Македонија се најчесто само извршители на барањата на клиентите. Со ProdACT ние ги учиме луѓето како да ја имаат таа продукт автономија и како да носат правилни продукт одлуки. Дополнително ги мотивираме да не чекаат можност за да носат продукт одлуки, туку сами да ги креираат можностите и да почнат да градат свои продукти или продукти кои би биле дел од нивните компании.

ОС: Интересно прашање. На некој начин постојано очекувам некој да ме праша дали ние повеќе помагаме во градење продукт професионалци или помагаме на стартапи и ќе го искористам ова прашање за да го одговорам тоа. Одговорот е краток и јасен, ние ги поддржуваме сите кои имаат пасија за градење на продукти, без разлика дали се тоа млади дечки од факултет кои имаат одлична идеја за апликација или се веќе успешни и докажани професионалци. 

А на крајот на денот ролјата и не е толку важна. Дури и за да бидете CEO на една компанија, вие морате да разбирате како функционира целиот продукт менаџмент процес. Ретко кој CEO ќе праша “А кој кориснички проблем го решаваме со ова” – а во тоа се состои основата на градење успешни продукти.

ОС: Ах да, токму тоа. На луѓето тука им недостасува продукт мајндсет. Јас често на моите студенти им велам дури и за да отворите кафич, треба да имате продукт мајндсет, за да дефинирате точно која ќе е вашата целна публика, како ќе се издвоите од конкуренцијата, која потреба ќе им ја задоволите на вашите клиенти/корисници. Затоа со нашето здружение организираме редовни ProdACT meetups каде целта ни е токму развивање на продукт мајндсет.

ОС: Ах, ете одлична идеја за продукт! Во моментов не постои формализирана платформа каде бизнисите можат да постават реални проблеми а ние да работиме на решенија но тоа би било навистина одлична можност. Си ја запишувам веднаш во целите за 2026 🙂

ОС: Иако на прв поглед личеше дека ВИ ќе ја замени продукт професијата, денес можам слободно да кажам дека тоа нема да се случи во блиска иднина. Причината за тоа е што ВИ никогаш нема да има емоционална интелигенција која е неопходна за да се разберат потребите и фрустрациите на корисниците за да можеме да им понудиме најдобри продукт решенија.

ОС: Би рекла дека не целиме кон глобална експанзија, туку кон силна регионална и европска соработка. Нашата визија е Македонија да има зрелa продукт култура, повеќе настани, конференции и локални продукти што ќе бидат препознаени и надвор од земјата.

ОС: Првите настани со ProdACT ги започнавме пред речиси една година и истите ни служеа за поставување на основите на продукт менаџмент. Почнавме со настан посветен на кариера односно како можете да влезете во продукт светот и да напредувате во истиот, потоа зборувавме за product discovery, за продукт стратегија и за продукт роадмапи и понатаму продолживме со теми што навистина ги интересираат сите продукт професионалци, но и проект менаџери, UX/UI дизајнери, стартап основачи итн. Фидбекот беше навистина одличен и тоа не мотивираше и во иднина да продолжиме да зборуваме на актуелни теми, како што во моментов е ВИ. Следниот настан на крајот на јануари ќе ни биде токму тоа, како може ВИ да ни помогне да изградиме наши продукти. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments