Група студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за потребите на предметот Медиуми и комуникации спроведоа анонимна анкета за информатичката писменост во време на социјални мрежи.
Социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие или нашето секојдневние е дел од социјалните мрежи? Ова беше мотивот за спроведување на оваа анкета која имаше за цел да го провери нивото на информатичката писменост на младите во Македонија.
Анкетата се состоеше од 10 прашања и примарниот фокус беа студентите, односно лица од 20 до 25 години. Анкетата беше пополнета од 80 испитаници во неколку дена.
Прашањата од анкетата:
- Колку години имаш?
- до 18
- 18-20
- 20-25
- 25+
- Пол:
- Машки
- Женски
- Колку часови дневно поминуваш на социјалните мрежи?
- до 2
- 2-4
- 4-6
- 6+
- Која социјална мрежа најмногу ja користиш?
- TikTok
- Колку често се информираш преку социјалните мрежи?
- Ликтерова скала од 1 до 5, каде што 1 е никогаш, а 5 е секогаш
- Што мислиш, колку алгоритмите на социјалните мрежи влијаат на содржината која што ја гледаш?
- Не влијаат
- Делумно влијаат
- Многу влијаат
- На кого му веруваш на социјалните мрежи?
- Инфлуенсери\ки
- Медиуми и новинари
- Другари\ки и познаници
- Професионалци во својата област (доктори, професори, инженери)Политичари
- Институции
- Приватни компании
- Колку често ги проверуваш информациите кои си ги видел\а на социјалните мрежи?
- Ликтерова скала од 1 до 5, каде што 1 е не ги проверувам, а 5 е секогаш ги проверуам
- Алгоритмите на социјалните мрежи создаваат голем притисок за купување на одреден продукт?
- Не се согласувам
- Делумно се согласувам
- Ниту се согласувам, ниту не се согласувам
- Многу се согласувам
- Потполно се согласувам
- Твој коментар за влијанието на социјалните мрежи врз нашите животи…
Резултати од анкетата:
Во продложение резултатите од спроведената анкета:
Во делот на возрасната група, 58.8% од испитаниците беа возраст од 20 до 25 години, а 57% од испитаниците се женски наспроти 43% машки.
Социјалните мрежи веројатно се главната причина за дистракција на луѓето при извршување на работните задачи, а во овој дел може да се забележи дека високи 20% од испитаниците поминуваат повеќе од 6 часа дневно на социјалните мрежи.
Доколку некој дневно помине 6 часа на социјалните мрежи, многу веројатно е дека тој ден му бил доста непродуктивен.
Instagram е убедливо најпопуларна социјална мрежа далеку пред сите други наведени. TikTok стабилно стои на второто место.
Други интересни детали тука се тоа што Facebook е само за нијанса попопуларен од Reddit, а пак од друга страна, никој го нема избрано Twitter како омилена социјална мрежа.
Очекувано, речиси сите се информираат преку социјалните мрежи.
Делумно или многу? Сепак, јасно е дека сите испитаници го делат мислењето дека алгоритмите на социјалните мрежи влијаат на содржината која што ја гледаат. Ова е добар показател за порастот на информатичката писменост.
Инфлуенсерите секојдневно се присутни на социјалните мрежи, но доколку ги погледнат овие бројки веројатно не би биле среќни. Испитаниците од нашата анкета им веруваат само за нијанса повеќе од политичарите.
Од друга страна, испитаниците најмногу им веруваат на професионалците во својата област како доктори, професори и инженери, а на второто место се медиумите и новинарите.
АНОВА анализа
Просек | Варијација | |
Колку често се информираш преку социјалните мрежи? | 4.1875 | 0.66060 |
Колку често ги проверуваш информациите кои си ги видел\а на социјалните мрежи? | 3.425 | 1.1588607594936 |
АНОВА анализа за параметрите колку често се информира испитаникот преку социјалните мрежи и колку често ги проверува информациите кои ги има видено на социјалните мрежи.
На скала од 1 до 5, испитаниците се информираат преку социјалните мрежи 4.18, а варијацијата изнесува 0.66. Додека пак, исто на скала од 1 до 5, испитаниците просечно ги проверуваат информациите 3.42, а варијацијата изнесува 1.15.
Бројките укажуваат на тоа дека варијацијата за проверка на информациите е речиси дупло поголема од онаа за честотата на информирање преку социјалните мрежи.
Коментари од испитаниците
Полека но сигурно нѐ уништуваат социјалните мрежи, стануваме се позависни и приврзани за нив. Затоа се трудам што е можно помалку да поминувам време на овие нереални,апстрактни апликации..
За мене барем а и повеќето со кои сум зборел имам установено да друштвеноте мрежи тие како се од суштинско значење и од едукативен карактер и многу други и многу битен медиум генерално. Што би правеле доколку ги снема еве размислете…
Делува многу лошо во смисла да станеме асоцијални, речникот станува полош кога зборуваме, грубо да се однесуваме со тие што сакаат да ни помогнат, заглавуваме во виртуелниот свет
Не само што влијаат на начинот на кој го перцепираме светот туку и на нашето расположение.