IT4Charity 2024: Иницијатива на ИТ заедницата која прави разлика!

IT4Charity

Со радост и голем ентузијазам ја најавуваме IT4Charity 2024 иницијативата во која по шести пат се обединува ИТ заедницата во Македонија во прибирање средства за децата без родителска грижа и родителите од згрижувачките семејства, поддржани од СОС Детско село.

Годинашниот концепт ја задржува познатата хуманитарна трка на која трчаат тимовите на ИТ компаниите кои донираат и додава уште еден еколошки момент, рециклирање. Имено, оваа година со помош на апликацијата на Пакомак тимовите на ИТ компаниите имааат можност да рециклираат пластични шишиња и лименки во вендинг машините на Пакомак, и собираните зелени поени да ги донираат за СОС Детско село. А Пакомак, пак, таа донација ќе ја удвои. 

Се обидовме да направиме спој на две општествено важни каузи, социјалната која значи поддршка на децата од загрижувачките семејства интегрирани во локалната заедница, но и еколошката, како неопходна во времето во кое живееме. Ние се грижиме за децата да имаат стабилна и сигурна иднина, но не помалку е битно и каков свет ќе им оставиме, па затоа преку еколошката компонента сакаме да пратиме порака за поголема еко свест нагласувајќи дека здравата животна средина е одговорност на сите нас.“ велат од СОС Детско село.

Главниот настан годинава ќе се случува на 14 септември, во Градски Парк Скопје, а сите собрани средства ќе се наменат за професионална поддршка на над 70 згрижувачки семејства интегрирани во локалната заедница кои згрижуваат над 140 деца без родителска грижа

“Одлична иницијатива за покажување на сопствената општествена одговорност и поставувајќи пример за останатите. Дополнително, рециклирањето е исто така додадена вредност на оваа иницијатива и активност којашто лично ја практикувам. Се надевам дека рециклирањето  ќе стане се повеќе популарно особено помеѓу младината во Македонија,“ вели Бојан Стојковски, уредник на IT.mk.

Со радост и голем ентузијазам ја најавуваме IT4Charity 2024 иницијативата во која по шести пат се обединува ИТ заедницата во Македонија во прибирање средства за децата без родителска грижа и родителите од згрижувачките семејства, поддржани од СОС Детско село.

Оваа година, инцијативата IT4Charity е поддржана од Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија – E-COMMERCE, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и порталот за информатичка технологија IT.mk, кои веруваат во оваа благородна иницијатива и заеднички упатуваат повик до сите ИТ компании да се приклучат и бидат дел од промената која ќе донесе спокојна и сигурна иднина за децата поддржани од СОС Детско село. 

За повеќе информации и пријавување учество, посетете ја веб страница на СОС Детско село https://sos.org.mk/it4charity/.

Заедно можеме да направиме разлика!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk