ЕДУФРОНТ ја доби наградата за иновации во СТЕМ на Регионалниот натпревар за иновации „Батерфлај“ за 2024 година

Едукативниот центар ЕДУФРОНТ од Скопје со својата образовна платформа ја освои наградата за иновации во СТЕМ на третиот Регионален натпревар за иновации „Батерфлај“. Церемонијата се одржа на 26 ноември во Подгорица, Црна Гора, за време на годинешниот регионален форум за иновации „Батерфлај“ организиран од Регионалниот совет за соработка (RCC).

ЕДУФРОНТ беше препознаен по својот револуционерен пристап кон дигиталното образование. Преку онлајн платформа која интегрира веб дизајн, програмирање и графички дизајн, ЕДУФРОНТ овозможува квалитетно и достапно дигитално образование. Користејќи алатки коишто се лесни за користење, како Scratch, им се овозможува дури и на деца на возраст од осум години да се вклучат во СТЕМ едукација за програмерски вештини. Овој модел на онлајн настава, поддржан со менторство од предавачи во реално време, има за цел да ја подобри дигиталната писменост на младите и да го зголеми потенцијалот на регионот за економски развој.

Гордана Мишевска, основачка и менаџерка на ЕДУФРОНТ и Моника Златановска, долгогодишен член на тимот, присуствуваа на церемонијата на доделување награди, каде визијата на ЕДУФРОНТ за опремување на младите од Западен Балкан со дигитални вештини доби високи пофалби.

Наградата ја истакнува посветеноста на ЕДУФРОНТ за создавање на идна работна сила подготвена за предизвиците на иднината, која придонесува не само за дигитална трансформација на регионот, туку и кон задоволување на побарувачката за професионалци во технолошкиот сектор обучени со повеќе вештини.

Шефицата на Канцеларијата на генералниот секретаријат на RCC, Елда Калаја, им честиташе на сите победници, истакнувајќи ја важноста на креативноста и решителноста на индивидуите и тимовите кои го водат регионот напред. “Вечерва ги славиме визионерите кои нѐ инспирираат со нивната креативност и решителност. Наградите за иновации „Батерфлај“ не само што ги слават индивидуалните достигнувања, туку и колективната генијалност на нашиот регион” изјави таа.

Признанието на ЕДУФРОНТ на овој престижен настан ја потврдува неговата улога во премостувањето на јазот помеѓу образованието и барањата на дигиталната економија, што е во тесна врска со визијата на Западен Балкан за раст и отпорност.

Форумот за иновации „Батерфлај“ е главен регионален настан посветен на поттикнување на соработката и иновациите низ Западен Балкан. Организиран од RCC, форумот ги собира водечките експерти, носители на политики, иноватори и бизнис лидери за да ги истражат најновите трендови во вештачката интелигенција, зелениот раст и иновациите кои ја поттикнуваат конкурентноста.

Регионалната награда за иновации „Батерфлај“ е финансирана од Европската унија и имплементирана од RCC за поддршка на економскиот развој на Западен Балкан преку прифаќање на дигиталната трансформација, промовирање на културата на иновации и претставување на успешни достигнувања низ регионот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk