Добивате имејл дека некој ве следи, корисничкото име ви е познато, но не сте сигурни за кој се работи, одите на Twitter да видите кој е твитерџијата и што споделува. Но, наместо негови твитови гледате куп @одговори кон други корисници, принудени сте да читате дебати кои вас лично не ве интересираат, ниту пак ќе ги добивате во фидот со вести, иако се што ве интересира е да видите какви линкови споделува твитерџијата и дали ви е од интерес да го следите.
За среќа, Twitter се освести и реши да го поедностави прегледувањето на профилите. Сега ќе вклучи опција да прегледате профил само со објавенata содржина, без @одговорите со другите корисници. Секако, доколку сепак сакате да ги читате дискусиите тогаш ќе имате и таква опција.
„Сега можете побрзо да открието што вашиот омилен музичар, спортист или бренд кажува и прави, дури и ако тие често одговараат на корисниците. Исто така ќе продолжиш да откриваш одлични моменти како кога @MollyRingwald и @SalmanRushdie дискутираат на Twitter.“, вели сервисот за микро блогирање.
Оваа опција ќе биде достапна постепено за сите корисници во наредниве денови.








