Google секојдневно додава повеќе од 9.500 малициозни веб сајтови во својата листа на опасни интернет дестинации. Кога некој од корисниците ќе сака да го посети тој веб сајт ќе добие опомена дека се работи за небезбеден сајт.
Од компанијата веќе со години прават различни напори за да ги заштитат корисниците од опасните веб локации. Злонамерни апликации како што се на пример фишинг страниците, кои имаат за цел да ги соберат корисничките информации, секојдневно се закана за корисниците на интернетот, а Google на својот блог ни наведува и неколку бројки во склоп со овие проблеми.
- Околу 600 милиони корисници на Chrome, Firefox и Safari секојдневно добиваат неколку милиони опоменувања од Google дека страницата која планираат да ја посетат не е безбедна.
- Секој ден Google детектира околу 9.500 веб страници кои би им наштетиле на корисниците, без разлика дали страницата е легитимна и некој ја има нападнато, и поставено парче код што може да наштети.
- Помеѓу 12 и 14 милиони резултати од пребарувањето секојдневно содржат опомена од Google дека се работи за небезбеден сајт.
- Секојдневно на корисниците на Chrome им се прикажуваат од прилика околу 300.000 опомени за штетни датотеки кои ги презимаат од интернет.
- Сопствениците на веб страници секојдневно пријавуваат околу 10.000 известувања дека имаат некој чуден код на својата веб страница.
- Google секојдневно испраќа илијадици известувања до интернет провајдерите за да ја одржувата својата мрежа чиста.
Повеќе информации и подетални статистики можете да прочитате во објавата на Неилс Провос на Google блогот за безбедност.







