Според турскиот PC Extra (и Google Translate) Vimeo ќе биде блокиран во земјата се додека не се реши истрагата со споменатото видео. На форумот на Vimeo Мат Шварцер напиша дека Vimeо нема контрола врз одлуката.
Турција претходно го има блокирано YouTube заради видео кое го навредува Кемал Ататурк, видеото е креирано како виртуелните препукувања на YouTube меѓу грците и турците. Нешто слични се препукувањата кои можат да се видат на YouTube меѓу македонци, албанци и грци.
Интересно, покрај YouTube забраната, видео сервисот е девети најпосетуван сајт во Турција главно поради користење на прокси конекции. Дури и турскиот премиер Речеп Ердоган изјави дека пристапува на сајтот, и дека другите треба да го користат.
(сликата е од TechCrunch)







