0 коментари 2 мин. читање 28 април, 2021

Основач на крипто-берза во Турција побегна со 2 милијарди долари од берзата

Повеќе од 391 000 корисници на крипто-берза од Турција останаа без своите токени откако основачот на берзата ги украде нивните пари и ја напушти државата. Корисниците останаа без пристап до своите сметки и до своите финансии, пренесе Tom’s Hardware.

Загубите на клиентите би можеле да достигнат до 2 милијарди долари, а бројот на оштетени клиенти може да надмине и 391 000, тврдат адвокатите на оштетените.

Thodex со над 700 000 корисници е, или барем беше, една од најголемите крипто-берзи во Турција. Властите во Турција веќе уапсија 62-ца осомничени од осум турски градови во кои оперирал Thodex. Полицијата и натаму е во потрага по шеснаесет луѓе поврзани со берзата, помеѓу кои  и основачот на берзата. Властите во Турција издадоа меѓународна потерница по основачот Фарук Фатиџ Озер кој пребегал во Албанија.

Основачот на берзата тврди дека бројката на оштетени корисници е многу помала и изнесува околу 30 000 корисници. Тој тврди дека ќе ги обештети клиентите и инвеститорите, пренесе Bloomberg.

Само неколку по затворањето на Thodex властите во Турција поради измама ја затворија и платформата Vebitcoin и уапсија четворица од нејзините основачи. Пред да ја затворат, дневно на Vebitcoin во просек се тргуваа крипто-валути во вредност од 60 милиони долари.

Дел од турските граѓани купуваат крипто-валути за да ги заштитат своите заштеди од инфлацијата и од падот на турската лира. Властите во Турција забранија купување со крипто-валути и најавија брза регулација на пазарот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top