Оптимизирајте ги перформансите на вашиот компјутер со Revo Uninstaller и CCleaner

Стандардната процедура за отстранување софтверски апликации знае да биде нецелосна и, во поголемиот дел, го отстранува дрвото, но не и корените. Како резултат на ова, хард дискот и оперативниот систем се непотребно оптоварени и би можеле да се окарактеризираат со забавено извршување на одредени процеси. Revo Uninstaller 2.0 е бесплатната апликација која ги отстранува тврдоглавите остатоци на некој програм не само од сите фолдери туку и од регистарот.

revo-uninstaller-portable-52

Најновата верзија на Revo Uninstaller се има надградено и се одликува со 64bit поддршка. Тоа значи дека можете лесно да пронаоѓате и целосно да отстранувате и 64bit софтвер. Една од поинтересните функции со кои се одликува програмот е функцијата Hunter Mode Tool која ви дозволува да повлечете и пуштите икона од несаканиот програм врз Hunter Mode кратенката за да го избришете.

При преземање на програмот доколку ја сакате бесплатната верзија, внимавајте да не ја преземете професионалната верзија на Revo Uninstaller 2.0. Официјалниот сајт вложува огромни напори да ве принуди да одите со професионалната, а со тоа и платежната верзија. Бесплатната верзија е сосема доволна за исполнување на овие потреби, а ви стои на располагање и пренослива верзија.

Во случај да сте отстранувале програми преку стандардниот uninstall процес, би било убаво да пробате да ја до оптимизирате работата на компјутерот и со добро познатиот CCleaner. Бесплатната верзија на апликацијата отстранува непотребни работи од оперативниот систем, апликациите и регистарот, а се одликува и со корисни алатки како анализа или неповратно бришење на диск, барање дупликати, деактивирање апликации кои се покренуваат со системот и слично.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk