0 коментари 2 мин. читање 14 септември, 2016

AdExchange е нова и глупава промена на AdBlock Plus, берза за прифатливи реклами

Софтверот за блокирање на реклами најави дека започнува платформа на која ќе продава реклами што ќе поминуваат низ нивниот филтер. Прифатливи реклами ќе бидат сите оние чии издавачи ќе бидат дел од Acceptable Ads платформата. На платформата Eyeo работи заедно со AppNexuEyeos, Google и ComboTag.

За среќа има ограничување, па овие реклами нема да можат да бидат преинтрузивни. Ограничувањата се однесуваат и на големината, локацијата и етикетите, јави Wall Street Journal. Сите компании креатори ќе добиваат дел од заработката, а Google и AppNexus ќе обезбедуваат дел од потенцијалните купувачи на рекламниот простор. Најголем дел од заработката, 80 отсто ќе оди кај издавачот, а останатите 20 отсто ќе ги поделат останатите партнери.

Издавачите поодамна не се задоволни од софтверот зa блокирање на реклами обвинувајќи ги за претставување на бариера помеѓу рекламите и корисниците, а потоа барање на исплата за отстранување на бариерата. Оваа пракса ги чини издавачите над 22 милијарди долари во 2015, јавува Guardian. Дури и ние како медиум кој засега профитира единствено од реклами имаме јавно барање до корисниците на AdBlock да го постават IT.mk на whitelist.

„Постојат два екосистеми на онлајн корисници. Едниот кој блокира интрузивни реклами и друг кој не блокира. Acceptable Ads платформата ќе им овозможи на издавачите да стигнат до првата група без да менува било што со втората група.“, велат од Eyeo.

Платформата е во бета фаза околу еден месец, а во тестот учествуваат десетина компании. Досега на неа има над 700 различни реклами од повеќе компании. Дополнително Eyeo добива пари од околу 70 компании чии реклами не се филтираат. Дел од овие компании се Microsoft, Google и Taboola.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top