Колекција од алатки кои не бараат регистрација за да се користат

Колку често ви се има случено да налетате на корисна алатка, но, за да ја користите, потребно е да се регистрирате со имејл адреса, да ја преземете, па потоа и инсталирате алатката?

Nosignup.Tools е веб сајт кој прикажува колекција од веб-засновани алатки кои за да ги користите нити бараат да креирате акаунт, нити бараат да се регистирате.

Преку едноставен дизајн и бројни категории, брзо и ефикасно можете да ја пронајдете алатката која ви е потребна. На располагање имате алатки во категории како дизајн, учење, пишување, продуктивност, финансии, курсеви и многу повеќе. За секоја алатка добивате краток опис, оценка, скриншот и линк. Одредени алатки се изберени и препорачани од тимот кој стои зад Nosignup.Tools.

Доколку некоја алатка ја има на Nosignup.Tools тоа значи дека истата не бара никаква регистрација, преземање, линк за споделување, а можете да започнете да ја користите за десет секунди или помалку. Паралелно со ова, запазен е и критериумот алатката да е достапна и да може да се користи од каква било направа поврзана со интернет.

Со еден клик, ги подредувате алатките според препорака од тимот, највисоки оцени, азбучен ред или пак според вашите омилени алатки. Доколку го оставите вашиот имејл, еднаш месечно ќе добивате препораки и известувања со новитети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments