Еден од најголемите проблеми кај гејмерите е поврзан со падот на FPS. Скромните гејмери со послаби конфигурации обично се задоволни со искуството кое им се пружа со стабилни 30 FPS, но доколку бројката оди надолу, особено под 25 FPS, целокупното искуство знае да биде значително загрозено. Од друга страна, гејмерите со натпреварувачки дух и длабок џеб никако не се задоволуваат со 30 FPS туку инсистираат на стабилни 60 FPS, па дури и 120 FPS.
Технологијата на Nvidia, со име DLSS, значително ги зголемува фрејмовите во секунда, во повеќето случаи и за двојно повеќе!
Тајната зад DLSS технологијата е во користење помош од AI алгоритми кои можат да бидат „истренирани“ да создаваат високо-квалитетни слики во реално време, односно за време на играњето на играта. Со користење на AI алгоритмите значително се растеретува графичката карта и, на сметка на тоа, се создаваат можности за значително повисоко FPS.
Од пред неколку дена, Nvidia објасни дека DLSS технологијата е достапна за сите девелопери на Unreal Engine 4 игри. Претходно, оваа технологија беше достапна само на девелопери кои можеа да се избројат на прстите од вашите раце. Имено, игри со веќе имплементирана ваква технологија се: Cyberpunk 2077, Control, Death Stranding, Fortnite, и Metro Exodus

Најголем проблем за уживање во предностите на DLSS технологијата е тоа што не може да се активира на постарите графички карти, туку работи само со Nvidia RTX 2000 или 3000 графичка карта. Исто така, не секое студио би можело да има време и ресурси за да ја имплементира оваа технологија. Поради тоа, благодетите од DLSS зависат и од самите девелопери.

Со објавување на веста дека DLSS е целосно достапна за Unreal Engine 4, интернетот се запали и почна да дискутира за тоа дали и кога истата технологија би станала достапна и за други платформи, првенствено за Unity.
[…] пишувавме за предностите на DLSS и за тоа како можат драматично да […]