AMD FSR 2.0 се спрема да стане озбилна конкуренција на Nvidia DLSS

Nvidia DLSS или Deep Learning Super Sampling е одлична технологија заснована на вештачка интелигенција која значително подобрува FPS во игрите и ви овозможува пофлуидно искуство. Но, оваа технологија е достапна само за NVIDIA RTX графичките карти и доколку немате RTX 2060 или нешто подобро од ова, не можете да уживате во нејзината предност.

Токму тука влегува AMD FSR 2.0 во игра. Се работи за слична технологија која е овозможена од конкуренцијата на Nvidia и, сосема очекувано, не бара RTX графичка карта за да може да се искористат предностите AI spatial upscaling, при што дури и да имате постара графичка карта, ќе можете да ја активирате технологијата во игра. Но, од AMD објаснуваат дека сепак е подобро да имате помоќна картичка за да ги извлечете максималните потенцијали.

AMD announces FidelityFX Super Resolution 2.0 - GSMArena.com news

Инаку, ова е само почетокот за AMD FSR 2.0 и, моментно, само кај една игра може да се активира технологијата. Критички-признаената игра на Bethesda – Deathloop е првата игра која се испорачува со AMD FSR 2.0, а други игри кои ќе бидат поддржани набргу се Farming Simulator 2022 и Microsoft Flight Simulator, како и играта Forspoken.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments