0 коментари 2 мин. читање 14 септември, 2016

Apple се повлекува од автономните возила?

Apple ќе подзастане со развојот на паметни возила и ќе мора да забави и да одлучи во која насока сакаат да се движи нивното учество во оваа индустрија.

Компанијата веќе отпушти или премести дел од вработените кои работеа на овој проект, јавуваат три анонимни извори за New York Times. Компанијата отпушти десетици вработени, но не смее јавно да зборува за ова. Apple работи на автономно возило неколку години. За разлика од конкурентите засега нема што да покажат. Пред некој месец се појави вест дека компанијата нема да работи на сопствено возило, туку дека ќе работи на софтвер платформа за автономните возила. Засега е нејасно на што работат експертите кои компанијата ги вработи од Tesla.

За разлика од Apple кои немаат што да покажат: Google, Nissan, Ford и Tesla веќе тестираат сопствени возила. Освен производителите на автомобили, за технологијата се заинтересирани и сервиси како Uber и Lyft кои работат на сервиси за превоз.

Apple има неколку тест возила кои се тестираат во контролирана околина. Тимот кој работи на автономно возило во еден момент имаше над 1.000 вработени. Новите отпуштања се обид да се рестартира работата на овој сегмент во компанијата, вели New York Times.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top