Nokia започна со промотивната кампања на новиот Lumia 928. Иако финската компанија заостанува зад Apple и Samsung, сепак има свои адути како PureView камерата која е далеку посупериорна од конкурентите. Во маркетинг видео Nokia се реши да ги спореди 8,7 мегапикселната камера на Lumia 928 со тие на конкурентите за да покаже дека овој телефон е добар избор за фановите на фотографијата. Од видеото се гледа дека Lumia има подобра стаурација, појасна и поостра слика, стабилизатор и Carl Zeiss леќа. Квалитетот наспротив iPhone 5 и Galaxy S3 е очигледен, но, имајте на ум дека ова е видео од производителот на телефонот.
[youtube]isKPxCvFEGo[/youtube]








Да одлично само што, наместо С4 направиле споредба со модел стар 1 година тоест С3
Изгледа феноменално искрено. Браво