Ако сте дел од сопствениците на поновите телефони на Samsung и сте биле импресионирани од фотографиите на Месечината, немате никаква причина за ова. Samsung користи тон едитирање на сликите и не само што ја изострува сликата туку во додава детали кои не постојат.
Ibreakphotos на Reddit има одлично објаснување што се случува со фотографиите. Samsung вели дека користи вештачка интелигенција за да ги подобри фотографиите, но ова не е случај, барем не на начинот кој досега ја подразбираме вештачката интелигенција за фотографија. Фотографирањето со вештачка интелигенција вообичаено значи дека за време на фотографирањето се прават неколку слики кои потоа се „собираат“ за да се креираат детали на фотографиите. Наместо ова во фотографиите на Samsung во целост се заменуваат текстурите на Месечината од фотографијата со претходно достапни текстури.
Ibreakphotos всушност има неколку тестови со кои успеа да покаже дека Samsung ги менува текстурите. Samsung во минатото ги уверуваше своите корисници дека при фотографирањето се прават 20 фотографии кои се суперпонираат во една. Сепак тестовите покажуваат дека она што го прави телефонот е поблиско до поставување на соодветно стикерче на местото на месечината.
Претходните тестови на камерата на Samsung кога Месечината е во прашање единствено тестираа дали сликата на месечината е соодветна. Новите тестови се поразлични. Наместо да тестираат дали на фотографијата пред и по обработката со вештачка интелигенција се гледаа истиот агол на месечината, Ibreakphotos тестираше колку всушност е блиска сликата со оригиналот кој се фотографира. За ова најпрво зема фотографија на Месечината од интернет. Ја намали на 170 х 170 пиксели и искористи „gaussian blur“. На оваа слика не може да се видат никакви детали. Потоа ја отворил сликата на неговиот екран и ја фотографирал. Фотографијата на телефонот е со јасно видливи детали од Месечината, но овие детали не се видливи на оригиналот. Дури и на слики со уште полош квалитет камерата на Samsung додава детали. Производителот вели дека не ја менува текстурата, но во суштина го прави токму тоа, иако со користење на вештачка интелигенција, вели Ibreakphotos.
Samsung користи AI/ML (невронска мрежа обучена на стотици слики од Месечината) за да ја поправи/додаде текстурата на Месечината на вашите слики од Месечината, и иако има некои кој сметаат дека ова е овозможено од камерата, всушност не е. И не, не е изострување, не се додаваат детали од повеќе слики, бидејќи во овој експеримент, сите содржини се подеднакво детални. На ниту еден кадар нема кратери и слично, затоа што се намерно заматени, но камерата некако чудесно знае дека тие се таму…
Во вториот тест на слика од заматена Месечина додаде уште половина Месечина. На фотографијата целата Месечина повторно е со куп детали, но на другата половина сликата е како оригиналот.
Контроверзите со фотографиите на Месечината на Samsung не се нови. Започнаа уште во 2020 со Samsung Galaxy S20 Ultra. Компанијата неколку пати објаснува како ги рекреира деталите на Месечината. Проблем е што во овие случаи додава детали каде што не постојат. Дополнително дел од купувачите погрешно ќе претпостават дека камерата може да го повтори истото за сите фотографии, што не е случај. Вакви детали се додаваат исклучиво на сликите на Месечината.