Нападот врз Украина низ ИТ перспектива

во Свет

Најважната вест од светот оваа недела, е руската инвазија на Украина. Утрото на 24-ти февруари руската армија започна со воздушна и копнена офанзива во Украина, а на нападот му претходеа и сајбер напади врз државни страници на Украина.

DDoS напади врз државни сајтови во Украина

На 23-ти февруари сајтовите на украинското Министерство за надворешни работи; Министерство за одбрана; Министерство за внатрешни работи; Безбедносните служби на Украина; и Кабинетот на министри беа цел на DDoS напади. Покрај државните и владини страници цел на напади беа и страни на најголемата комерцијална банка во Украина – PrivatBank и Oschadbank – Државната штедилница на Украина.

Иако нападите претходеа на руската офанзива, сепак капацитетот на нападите не е со големина за која се способни руските државни хакери. Барем досега нема познати сајбер напади кон инфраструктурата на Украина, како електрични централи, па и поголеми делови на енергетски системи или водоснабдувањето.

Се верува дека преку овие DDoS напади бил оставан и злонамерен код. Безбедносните експерти пронајдоа малициозен софтвер за бришење податоци на стотици компјутери кои биле дел од таргетирањето, ESET потврудваат дека кодот е пронајден на стотици компјутери.

„Софтверот ги злоупотребува легитимните драјвери од софтверот EaseUS Partition Master со цел да ги корумпира податоците. Како последен чекор, софтверот го рестартира компјутерот.

Во една од нападнатите организации, софтверот беше уфрлен преку стандардната (политика на домен) GPO што значи дека напаѓачите веројатно ја презеле контролата врз Active Directory серверот.“, велат експертите од ESET.

Во 2015 година сајбер-напади врз енергетскиот систем на Украина оставија без електрична енергија над 230 000 луѓе. Цел на напад беа три електрани што без електрична енергија остави голем дел од Украина. По овој напад украинскиот државен производител на електрична енергија, Укренерго најави инвестиција од 20 милини долари во инфраструктура која ќе ја подобри сајбер безбедноста. Системот требаше да биде оперативен од 2020 година.

Нешто сепак се случува во сајбер просторот…

Дека сепак има некаква сајбер војна можеби покажуваат повиците на украинските власти за волонтери од хакерската заедница. Украина побара помош од хакерското подземје, за заштита на инфраструктурата, и шпионски мисии насочени кон руските трупи. Секако наивно би било да се верува дека при ваква инвазија од страна на Русија, би се занемариле сајбер нападите и овозможување на контрола или мониторинг врз украинската сајбер инфраструктура.

„Украинска сајбер заедницо! Време е да се вклучите во сајбер одбрана на нашата држава“, вели Јегор Аушев ко-основач на безбедносна компанија во Киев.

Доброволците ќе бидат дел од дефанзивните и офанзивни сајбер единици вели Аушев за Reuters. Одбранбените единици ќе бидат дел од одбраната на инфраструктурата, како одбрана за инфраструктурата, на пример електрани и системи за снабдување со вода.

Слична состојба со мобилизирањето на украинската сајбер заедница имаше и во претходните напади врз Украина во 2014 година. Како и сега Украина ги мобилизираше патриотските хакери од подземјето во одбрана на инфраструктурата.

Anonymous ѝ објави војна на Русија

Дел од хактивистите кои ни се познати од порано повторно се актуелни. Anonymous преку својот Twitter профил и објави војна на руската влада. Прва жртва на групата е страницата на Russia Today TV. Жртва на Anonymous и DDoS нападите се и повеќе руски владини веб страници. Дел од овие страници по нападите брзо се вратени во нормална употреба. Сепак за дел од страниците ова значи дека е ограничен пристапот надвор од Русија.

Anonymous се децентрализирана анонимна хакерска група која поддржува различни цели. Групата нема финансиска придобивка и она што го работи е своевиден онлајн активизам.

Војната може да има влијание на недостигот на чипови

Украина е еден од најголемите производители на неон, гас кој се користи во ласерите кои се користат во производството на чипови. Над 90% од гасот кој се употребува во производството на полуспроводници во САД доаѓа од Украина.

Русија пак е еден од најголемите производители на паладиум. Дури 35% од овој метал кој се користи за полуспроводници се произведува во Русија.

Со оглед на тоа дека производството на чипови и полуспроводници веќе е во криза и може да се очекува приоретизирање на чиповите за воена опрема, новите пречки само дополнително ќе го продлабочат вече постоечкиот недостаток. Секако дека евентуално нови извори за купување на материјали ќе бидат пронајдени, но за тоа ќе биде потребно време.

Ќе ја спасат ли криптовалутите Русија од санкции?

Економските санкции против Русија веќе започнаа. Проценките се дека санкциите ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно, вели New Yorк Times.

Сепак, овој пат, благодарение на криптовалутите, санкциите би можеле полесно да бидат заобиколени. Дигиталните валути, на пример дигиталната рубља или други криптовалути, може да се користат да се заобиколат банките и наплатата да се изврши преку системи кои се потешки за следење. И Русија и Украина се земји во кои криптовалутите имаат поширока адаптираност, па така делува природно дека воведување на санкции во банкарскиот сектор во Русија неминовно ќе ги популаризираат криптовалутите бидејќи истите овозможуваат лесен пренос на пари.

САД и Европа забранија тргување со 70 отсто од банкарскиот сектор и руските државни компании. Санкциите ги ограничуваат и депозитите на руските олигарси и нема да можат да ги кријат своите пари во банки во Европа. За одржување на санкциите се креираат листи на луѓе и компании со кои е забрането тргување. Прекршувањето на санкциите носи големи казни за прекршителите. Клучни за спроведување се банките кои може да видат од каде доаѓаат и каде одат парите и да блокираат трансакции. Најголемиот товар во спроведувањето на санкциите е кај банките. Дигиталните валути се потешки за следење и може да и помогнат на Русија да заобиколи дел од забраните.

Иран и Северна Кореја веќе користеле алатки за да заобиколат дел од санкциите, на пример повеќе теории велат дека Северна Кореја ја финансира својата нуклеарна програма преку криптовалути украдени со „ransomware“ напади.

По неколку акции на органите на прогонот во САД во кои се запленети повеќе криптовалути се чини дека агенциите имаат начин да ги следат криптовалутите – дел од експертите стравуваат дека Русија има повеќе алатки за криптовалути кои ќе им овозможат да тргуваат непречено.

Користењето на криптовалути за заобиколување на санкциите ќе биде полесно за руските олигарси. Тие ќе можат да купуваат производи, сервиси, или имот надвор од Русија, дури и под санкции.

Во октомври 2020 Руската централна банка објасни дека дигиталната рубља може да биде ефикасна алатка против санкции. Русија поседува 22,9 милијарди долари во криптовалути. Над 17 милиони Руси поседуваат криптовалути пренесува Bloomberg.

Од друга страна, Украина ги користи и криптовалутите за собирање на донации, досега според Sky.com се верува дека повеќе од 5 милиони долари се донирани, но ко-основачот на Etherium Виталиј Бутерин предупредува дека дел од овие донации може и да не завршуваат кај украински актори во конфликтот, туку кај малициозни луѓе кои само го користат сентиментот на луѓето да дојдат од личен посед.

Инвазија следена на Google Maps

(Надополнето)

Google по консултации со властите во Украина привремено ја прекина оваа функционалност. Функционалноста е исклучена од глобален пристап, но во Украина ќе им биде достапна на корисниците кои користат „turn-by-turn“ навигација. Времениот прекин на сервисот е со цел да се зголеми безбедноста на локалните корисници.


Професорот Џефри Луис и неговите студенти од Middlebury Institute of International Studies во Калифорнија ја забележаа инвазијата уште пред да започне. Благодарение на податоците на Google Maps за густината на сообраќајот тимот на Луис сфатил дека руските механизирани единици се движат од Белорусија во Украина.

„Во минатото моравме да чекаме новинари да ни покажат што се случува на терен. Денес можете само да отворите Google Maps и да видите дека луѓето го напуштаат Киев“.

Ова е одличен пример како технологијата денес овозможува едноставно следење на во реално време на она што се случува. Причината за ова секако се телефоните. Станува збор за телефоните на војниците, или за телефоните на цивилите кои се „заглавени“ во сообраќајот преку кои Google Maps ја одредува густината на сообраќајот. Дополнително на мапите може да се следат и рутите по кои се движат руската и белоруската војска.

Податоците на Google Maps за движењето во четвртокот покажуваа блокирани патишта во близина на Харков. Дополнително мапите покажуваа и застој на патиштата околу Киев.

Ова не е првпат технологијата да ја „изневери“ Русија.  Претходната инвазија, друштвените мрежи и споделувањето на селфи фотографии на руските војници од Украина докажаа дека има руски војници во земјата, иако официјално не беа таму. Дел од војниците овие фотографии ги правеа со вклучена гео-локација што го направи нивното лоцирање едноставно.

Лажни вести насекаде: многу од сликите и видеата се лажни

Голем дел од сликите и видеата кои се споделуваат на друштвените мрежи поврзани со рускиот напад на Украина се лажни. Некои се од видеоигри, некои се од сосем различни локации, а некои се снимени во минатото. Според A

Откривањето на веродостојноста на поголем дел од сликите и видеата од друштвените мрежи не е едноставно или брзо. Најголем дел од нас немаат време да ја проверат секоја слика, и веројатно ќе „проголтаме“ некоја пропаганда. BBC сподели подолга листа на слики и видеа кои се објавени досега.

Сликата е автентична, но направена е во 2014 година
Сликата е од експлозија во Бејрут во 2020 година
Сликата е од видеоигра

#FuckTheWar: креаторите на видеоигри со осуда на инвазијата

Осуда за нападите дојде од целиот свет, а исклучок не се ниту креаторите на видеоигри.

Украинските студија GSC Game World (Stalker 1 и Stalker 2), Frogwares (The Sinking City, Sherlock Holmes) и Vostok Games го осудија нападот. Поддршка дојде и од креаторите на This War of Mine, полското студио „11 Bit Studios“, кои најавија дека целата заработка од играта, на сите продавници и платформи, ќе ја пренасочат кон Украинскиот црвен крст.

Денес руските воени сили ја нападнаа слободната земја Украина – нашите соседи. Како полско студио за игри, и креатори на глобално признатата антивоена игра, This War of Mine – онаа која директно зборува за страдањата и мизеријата на цивилите кои се погодени од војна – со ова би сакале да ја објавиме: Се залагаме против руската инвазија на Украина…

Поддршка за Украина дојде и од продавницата GOG и од CD Project Red, креаторите на Witcher и Cyberpunk.

Креаторите на Destiny 2 – Bungie, најавија дека 100% од продажбата во првите два дена на Game2Give ќе биде донирана во хуманитарните напори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments