„Патриотски хакери“ ја предводат сајбер-војната помеѓу Украина и Русија

Воениот конфликт во Украина барем засега е избегнат, но на теренот се води модерен тип на војна. Дел од украинските телекомуникации се под постојан напад на руските сајбер единици, тврдат властите во Украина. Пратениците од Украинскиот парламент јавија дека нивните телефони два дена се нефункционални. На влезовите на Ukrtelecom на Крим, кој сега е под руска контрола, е инсталирана опрема која ги попречува комуникациите, обвинуваат украинските пратеници. Цел на напади се и страните на украинските медиуми и друштвените мрежи. Сепак експертите тврдат дека кога се во прашање сајбер нападите руската страна засега е воздржана, со оглед на нивниот капацитет за напади. Кога Русија ја нападна Грузија со DDoS напади, серверите на грузиските институции и целокупна инфраструктура беа срушени со недели. Истото и се случи и на Естонија во 2007 година.

Од друга страна украинците главно се оставени на поддршката од патриотските хакери и на подземјето. Доколку Украина успее да ги мобилизира овие хакери тогаш мoжноста за одбрана па дури и напад ќе стане нешто полесна. „Тие се активни и ефикасни. Често ги мешаме украинските и руските групи, доаѓаат од слични IP адреси. Но Украинците имаат искуство во останатите (западни) држави и тоа се познава“, вели аналитичарот и поранешен член на Homeland Security, Пол Росензвиг за ВСС.

Сепак дури и да успеат да ги мобилизираат овие групи, па дури и „патриотите“ од украинската дијаспора, Украинците можат да дифејсираат сајтови или да предизвикаат краткотраен прекин на некои услуги. Хактивистите Cyber-Berkut на пример тврдат дека нападнале 40 руски страни. Сепак кога е во прашање можната воена интервенција, сајбер единиците се преценети бидејќи „тенковите ги победуваат сајбер куршумите“, вели г. Росензвиг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk