„The Flemish Scrollers“ е проект на Дриес Депортер кој следи и покажува кога некој од претставниците на владата во Белгија на седница ќе престанат да ги следат настаните во салата и ќе започнат да гледаат во својот телефон.
Со помош на машинско учење се препознава ликот на политичарот и неговата активност. Ако во некој момент политичарот започне да гледа во телефонот софтверот праќа кратко видео на Twitter и Instagram профилот со таг на политичарот. Она што е фер да се истакне е дека софтверот не може да забележи што прави политичарот и дали всушност го користи мобилниот за продуктивна цел на дискусијата. Секако првата претпоставка е дека не ја следи расправата, но постои можноста и политичарите да фаќаат белешки или пребаруваат некој изнесен податок.
![](https://it.mk/wp-content/uploads/2022/02/image-7.png)
Анализата се прави на YouTube видеа кои во живо кои се стримаат на YouTube каналот Vlaams Parlement. Вештачка интелигенција го препознава ликот на политичарите на снимките, а софтверот ги бара и проценува дали гледаат во телефоните. Ако забележи поглед кон телефонот софтверот креира кусо видео од неколку секунди во кое е содржан погледот кон телефонот. Потоа ова видео се „спојува“ со тагот на политичарот на друштвените мрежи. Софтверот е креиран во Python, а целиот проект е активен од 5 јули 2021 година. Како последица на користењето на софтверот, Депортер смета дека е намалено користењето на телефони на седниците.
![](https://it.mk/wp-content/uploads/2022/02/The-Flemish-Scrollers-Software-Dries-Depoorter.png)
„Досега има само негативни реакции од најголем дел на политичарите. Но мислам дека ги користат телефоните помалку“.
Дриес Депортер е белгиски дигитален уметник кој обработува теми како приватност, вештачка интелигенција, следење и друштвени мрежи. Она што можеби е поинтересно овој проект не започна како алатка за попродуктивна работа на претставниците на владата. Алатката требаше да покаже како технологии како вештачка интелигенција, препознавање на ликови и камери за следење се нарушување на приватноста.
Македонија и македонските пратеници не се разликуваат од своите колеги. Во текот на седниците често може да се забележи како пратениците се зафатени со своите уреди, па понекогаш дури и ќе задремат на седниците. Секако ова не важи за сите пратеници, но општиот впечаток е дека пратениците можат и мораат подобро да ги решаваат проблемите на граѓаните, а ако некој сака да ја следи активноста на мобилен кај пратениците, може да се инспирира од проектот на Дриес.