Украина работи на нов систем за електрична мрежа безбедна од сајбер напади

Украинскиот државен производител на електрична енергија, Укренерго најави дека инвестира 20 милини долари за сајбер безбедност.

Компанијата беше жртва на неколку серизни напади. На крајот на 2014 година, електричната централа Prykarpattyaoblenergo лоцирана во западна Украина, беше цел на сајбер напад. Напаѓачите најпрво ја преземаа контролата од операторот, а потоа го одлогираа и ја променија неговата лозинка.

„Сè што му преостануваше [на операторот] беше да посматра што се случува на екранот, додека хакерите ги исклучуваа прекинувачите еден по еден, конечно гасејќи 30 подстаници“

Истовремено цели на напад беа уште две електрани, а без електрична енергија останаа над 230.000 луѓе. Напаѓачите ги исклучија и резервните напојувања, па иронично, операторите во централите и самите останаа без осветлување.

Но, тука не престанаа проблемите. Енергетскиот систем на државата беше цел и на нападите на WannaCry и Petya. Дали системот е цел на нападот или единствено жртва, засега е непознато.

Сепак раководството на UKrenergo досега има податоци за околу 20 онлајн закани.

„Развивме нов концепт за сајбер безбедност чија главна цел е да биде физички невозможно закана од надвор да влијае на украинскиот енергетски систем“, вели Всеволод Квовалчук, директор на компанијата.

Системот треба да биде достапен и оперативен до крајот на 2020 година, пренесува Reuters.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments