Селфи фотографии докажуваат дека Русија има своја војска во Украина

Русија тврди дека не прави инвазија на Украина, дека трупите кои водат борба со украинската армија не се нивни. Но, намерите на Владимир Путин се разоткриени од еден банален тренд – руските војници кои треба да се кријат, постојанот објавуваат свои селфи фотографии. Така Симон Островски од Vice следејќи ги тие селфи фотографиите успеа да ги пронаојде локациите во Украина каде се сликани.

Еден од припадниците на Руската армија е Бато Дамбаев преку чие селфи фотографии од различни места: од Русија, преку границата со Украина, до Источна Украина; може да се следи вмешаноста на Русија во конфликтот во Украина. Фотографиите се споделени на профилот на г. Дамбаев на руската друштвена мрежа VKontakte.

Интересно според информациите на друштвената мрежа г. Дамбаев има договор со армијата до 2016 година, а на фотографиите може да се проследи и исчезнувањето на руската униформа. Следењето и пронаоѓањето на локациите несомнено ќе беше потешко доколку г. Дамбаев ја имаше исклучено геолокацијата од мета податоците кои се споделуваат со секоја фотографија. Но, тие мета податоци ги има на фотографиите што му помогна на новинарот на Vice прилично едноставно да ги пронајде сите места во Украина каде војувал г. Дамбаев. Дополнително со интервјуата со жителите во зоната на конфликт, ги потврдуваат фотографиите.

Руското раководство неколку месеци вели дека санкциите против Русија се без основа и бидејќи тие не се одговорни за кризата во Украина, која е ја припишуваат на украински националисти кои се поттикнати од САД и Европската унија. Сепак последните фотографии покажуваат дека Руската армија е во Украина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments