На првиот училишен ден по пролетниот распуст, електронскиот дневник не работи

Пролетниот распуст дојде и замина, а е-дневникот и понатаму (не)функционира. Денеска, на првиот училишен ден по пролетниот распуст, наставниците не можат нити да го евидентираат присуството на учениците, ниту да ги запишат наставните содржини.

Е-Дневникот не функционира. Повторно.

Ова знае да биде честа појава, особено во одредени критични ситуации каде сајтот се посетува од повеќе просветни работници. Иронично, наставниците се обврзани на почеток на секој месец да го печатат електронскиот дневник и да го носат на потпис и печат кај директорот. Со оглед на тоа дека празниците завршија, претпоставуваме дека сега поголем број од наставниците сакааат да си ги завршат обврските. Арно ама, за таквото нешто ќе треба да се почека бидејќи во моментот на пишувањето на овој текст, веб сајтот прави спортски со следниот поздрав:

Низ годините се зборува за проширување на капацитетите и дозволување поголема бројка да може да се „приклучи“ и паралелно да работи во е-дневникот, но таквото нешто се чини дека и понатаму продолжува да биде предизвик.

Не е првпат да пишуваме на оваа тема:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments