Успешно второ издание на Стартап Викенд Охрид

Стартап Викенд Охрид 2024

Изминатиот викенд од 26ти до 28ми април се оддржа второто издание на Стартап Викендот Охрид, кое запчна во петок попладне и траеше до недела вечер, а во организација на Стартап Македонија и универзитетот за информатика Св. Апостол Павле”.

Стартап Викенд Охрид 2024

На почетокот на настанот, најголем од ваков тип во Македонија, беа презентирани околу 20 идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот.

Се гласаше за подобрите идеи, па така едни продолжија понатаму и се работеше на изнаоѓање на нивно бизнис решение, додека пак останатите ќе ја почекаат својата следна шанса.

Десет тима работеа на исто толку идеи во следните два дена.

Вториот ден од овој настан, односно саботата беше исполнет со неколку работилници и менторска експертиза од страна на менторите. 

Во третиот ден, со помош на менторите се доработуваше на бизнис решенијата и се тимовите се подготвуваа за финалните презентации пред стручнoто жири.

Судии на Стартап Викенд Охрид 2024

Кои се победници на Стартап Викенд Охрид 2024?

Првото место на Стартап Викенд Охрид го освои тимот Tail, составен од тројца учесници Кирил Младеновски, Петар Прентовиќ и Андреј Ангеловски

Бизнис решение за сите оние кои што имаат домашно милениче и им е потребна асистенција околу негувањето на истото. 

Овој старап, претставува  All-in one pet-care & pet-management platform.

Второто место го освои тимот на Strela, составен од четирите члена: Марија Миноска, Андреј Богатиноски, Сергеј Богатиноски и Анастасија Попоска.

Бизнис решение кое што им помага на малите бизниси и крајните потрошувачи во процесот на испорака на пратки. 

Strela би била компанија помеѓу поштата и продавачот, нудејќи им поевтини цени, броеви за следење и поедноставно доставувачко искуство.

Третото место замина во рацете на тимот Thrifty, составен од Един Хасангиќ, Стефан Анџеловиќ, Андреј Гавриловиќ, Виктор Китанов, Аниса Плакај и Мустафа Севим.

Бизнис решение кое претставува онлајн маркет за second-hand облека за бебиња и деца.

Какво си поминаа учесниците на Стартап Викенд Охрид 2024?

Учесници на Стартап Викенд Охрид 2024

Јас сум Симоне и ова беше мојот 50-ти стартап викенд и втор во Македонија како фасилитатор. Стартап Викенд како иницијатива е дел од глобалниот екосистем каде луѓето можат да научат да бидат претприемачи.

Да се биде претприемач е нешто што може да биде променливо за начинот на размислување на една личност и може да го промени буквално нивниот живот.

За време на 54-те часа на настанот, луѓето учат како да градат компанија и да ги искусат врвовите и падовите на создавање компанија без да ризикуваат ништо.

Симеоне Демалас, фасилитатор на Стартап Викенд Охрид 2024

Јас сум Петар, дел од тимот Tail и сакам да се заблагодарам на сите учесници на овој настан затоа што ни помогна да спремиме целиов овој концепт на нашата идеја.

Би сакал да им се заблагодарам и на организаторите, менторите и судиите кои што во овие 54 часа одиграа преголема улога во нашите одлуки кои што ги донесовме за да пивотираме во идејата.

Одлучивме да одиме со сосема нов концепт од идејата што првично ја имавме.
Успешно го креиравме нашиот прототип и добивме позитивни мислења од страна на судиите. 

Петар Прентовиќ, дел од победничкиот тим Tail на Стартап Викенд Охрид 2024
Победничкиот тим Tail

Која е твојата позадина?

Имам позадина и искуство со UX/UI дизајн и Front-End Development и стручно образование од областа на информатика. Голем дел од искуството ми е базирано и на интернационалните проекти и пракси, кои покрај меки вештини и усовршување на техничките знаења, ме поттикнаа да завршам и дополнителни курсеви за дигитален маркетинг и бренд дизајн, а досегашните знаења и вештини се обидувам да ги пренесам преку менторства на проекти и држење часови.

Која беше вашата идеја?


Бизнис идејата на која што работевме е Omnilyst.co. Ова е All-in-one платформа за креирање и менаџирање содржини за социјалните мрежи. Анализирајќи го проблемот на контент креаторите каде повеќе од половина од нив се согласуваат дека процесот на креирање уникатни постови за кратко време е премногу стресен и тешко одржлив на долгорочен период, креиравме решение кое за почеток ќе нуди 3 главни алатки: генерирање персонализирани содржини со AI, автоматизација на распоред и следење на перформанси на постовите.


Дел од тимот на Omnilyst се и Милена Петковска, Ана Апостоловска и Павел Тасков. Горда сум што формиравме сплотен и посветен тим, полн со конструктивни критики и најбитно, со смисла за хумор и покрај сета сериозност која ја бара работата.

Како си помина на настанот?


Атмосферата и одличната организација на настанот ни овозможија услови максимално да се посветиме на развој на идејата, а советите и поддршката кои што менторите несебично ги дадоа, ни беа од голема помош.


Дополнително, една од најголемите вредности која што ја дава Стартап Викенд е изложеноста кон многу информации, менторства, искуство и нови перспективи во само три дена на едно место, за кои што инаку, потребно е многу подолг период да се стекнат.


Секако, овие три дена не би имале смисла доколку не овозможат поддршка и поттик учесниците понатаму да продолжат со развој на своите идеи. Со учеството на Стартап Викенд Охрид дефинитивно го добивме тоа и веќе се спремаме за следниот настан каде што ќе го претставиме прототипот за нашиот стартап Omnilyst, спремни за сите наредни предизвици кои доаѓаат со истото.


Елена Петковска, учесник на Стартап Викенд Охрид 2024 и дел од тимот на Omnilyst.co

Ана и Елена од тимот на Omnilyst.co

Чест и задоволство ми беше да бидам дел од организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024. 

Како домакин во Охрид имав 3 цели за овој настан: Да нема некој гладен, сите учесници и ментори да се насмеани и да излезат 5 иновативни стартапи кои ќе влезат во екосистемот за понатамошна работа на нив.  

Орагнизирањето на ваков тип на настани е од голема важност за економскиот просперитет и зголемување на вработеност кај младите кое позитивно влијае врз масовоното иселување на истите. 

Ние од Стартап Македонија ќе продолжиме да им креираме можности за влез во стартап светот на сите заинтересирани професионалци.

Јаков Јованоски, член на организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024
Организациски тим на Стартап Викенд Охрид 2024

Некои победија, некои најдоа нови работни места, а други пак создадоа нови конекции. Но, едно е сигурно: Сите добија нешто плус во своите професионални кариери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk