MyGadge е нова специјализирана продавница за гаџети и компјутерска опрема која е официјален партнер за Македонија на Prestigio и Canyon. Производите што ќе ги продава се од гаџети или „ит играчки“, до компјутерска галантерија како глувчиња, слушалки, звучници, и таблет компјутери.
Тоа што може да биде ново е што MyGadge најави дека ќе дозволи тестирање на производите пред да се купат.
„За првпат во Македонија ќе понудиме и непосреден начин на купување, овозможувајќи им на купувачите тестирање и подобро запознавање на производите во Тест собите создадени само за корисниците.“, се вели во официјалното соопштение.
Сите производи ќе бидат достапни преку веб сајтот mygadge.com.mk, а доколку сакате да ја посетите продавницата таа ќе се наоѓа на улицата „29-ти Ноември“, зад Универзална сала, во Скопје.








Ако сакате да го отворите сајтот http://www.mygadge.com.mk/furniture.html :)