2 коментари 1 мин. читање

Наскоро ќе може да се логирате на Google профил преку QR код

Google има решение за како да се логирате на Google профили доколку сте пред јавен десктоп компјутер за кој не сте сигурни дека е безбеден, за кој не знаете дали има keylogger. Методот на Google за логирање без користење на тастатурата вклучува QR код и паметен телефон со интернет конекција.

За жал, тоа решение е моментално само експеримент, и Google ја тргна страната на која можеше да се види. Но, ова исто така значи дека треба да очекуваме наскоро да видиме и официјално стартувана опција.

Имено, доколку преку десктоп компјутер ја отворите страната, која сега е недостапна, https://accounts.google.com/sesame, ќе забележите генериран QR код. Тој код ќе треба да го прочитате со Android, iPhone, Symbian или било кој друг паметен уред кој чита QR кодови. Ќе треба да сте логирани на вашиот Google профил на телефонот, бидејќи кога ќе го прочитате QR кодот тоа ќе му каже на Google кој се обидува да се логира од кој компјутер, и ќе ве префрли на вашиот профил на десктоп компјутерот безбедно и без да ја користите тастатурата. На крај, останува на вас само да не заборавите да се одлогирате од компјутерот.

[youtube]DRgihqFbgPI[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top