IObit Driver Booster e релативно позната алатка чиј фокус се дели на две работи:
- Надградба на драјвери
- Подобри перформанси при играње игри
Во случај да имате Windows 10, шансите се дека и можеби не ви ја треба дополнителната алатка на iObit. Имено, Windows 10 ем врши одлична работа за преземање на најновите драјвери за вашиот хардвер ем се одликува со вградена алатка за зголемување перформанси при играње.
IObit Driver Booster е софтвер кој дополнително го скенира вашиот систем и бара:
- Застарени драјвери
- Несоодветни драјвери
- Нецелосни драјвери
- Драјвери кои недостасуваат, односно воопшто не се ни инсталирани за некој хардвер
Со оваа алатка можете да вршите индивидуална или целосна надградба на сите, ново-пронајдени драјвери.
Од друга страна, ќе наидете и на алатка која се вика Game Boost, а е замислена да ослободи меморија и да исклучи алатки и услуги кои не се критични при покренување игра. На овој начин, теоријата е дека перформансите ќе се зголемат и искуството во играта би било добро. Велиме теорија затоа што искуството нѝ има покажано дека нема софтвер кој може да направи кој-знае-какви чуда од слаб хардвер.
Најновата, осма верзија на IObit Driver Booster се одликува со проширена датабаза од драјвери, но и со можност да инсталира драјвери на систем кој не е приклучен на интернет. Иако ова знае да биде корисно доколку имате проблеми баш со драјвери кои ве спречуваат од конектирање на интернет, не е дел од бесплатната верзија.