Mozilla организира натпревар за игри кои се веб базирани и имаат отворен код. Целта на овој натпревар е да се прикаже моќта на вебот како една од платформите за развој на игри.
Многу технологии може да се користат за развој на веб игри, како на пример HTML5 и WebGL. Категории за кои може да се развиваат игри се Hackable, Multi-device и Web-Only игри, а победниците добијат можност да присуствуваат на Game Development Conference 2013 во Сан Франциско (сè платено од Mozilla). Апликациите ќе бидат објавени на Firefox маркетот, а некои ќе имаат можност својата апликација да ја претстават пред Chillingo и нивната игра да биде објавена на нивната мрежа.
Игрите ќе бидат оценувани од стручно жири и постојат неколку правила кои треба да се запазат:
- Играта треба да биде игрива во сите модерни прелистувачи;
- Дозволено е користење на технологии кои работат под лиценца на слободен софтвер. Без разлик дали се базирани на клиентска или серверска страна;
- Не се дозволени додатоци за прелистувачите, што значи дека игрите со Unity, Flash или Silverlight ќе бидат дисквалификувани.
Крајниот рок за пријавување е 24ти февруари 2013, а вашата пријава можете да ја испратите на https://gameon.mozilla.org/en-US/.







