Twitter го стартува архивирањето на твитови

0 коментари 1 мин. читање

Како што беше најавено претходниот месец, Twitter до крајот на годината на сите корисници ќе им овозможи да си ги преземат сите твитови, а веќе дел од корисниците и почнаат да ја добиваат таа можност.

Првпат оваа опција беше забележана од корисникот @Psilosophy кој во еден свој твит сподели како можете да ги преземете своите твитови. Но, опцијата во моментов е стартувана само за мал број корисници. Можеби сте вие меѓу нив.

Откако ќе ја побарате архивата, од Twitter ќе ве информираат кога таа ќе биде готова и ќе добиете мејл со линк преку кој можете да пристапите до истата. Ќе ја преземете .zip архивата и во неа ќе добиете html датотека во која сите ваши твитови се распоредени според времето на објавување. Исто така, архивата вклучува и CSV и JSON датотека.

Функцијата е сè уште во тест фаза и некои корисници пријавиле дека им недостасуваат твитови во архивата, но и тоа ќе ќе се среди пред овозможувањето на оваа опција за сите корисници.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top