Предлог друштвена игра – EXIT: The Game – The Disappearance of Sherlock Holmes

Како што веројатно веќе може и да погодите во ИТ.МК сме љубители на друштвени игри. Ова е текст на еден од нашите дизајнери (tnx Александар :D) на кој празнициве баш му „легна“ – EXIT: The Game – The Disappearance of Sherlock Holmes.


За сите љубители на Escape Room и Escape Games, ви ги препорачувам EXIT: The Game. Прва игра од овој тип на „escape game“ која ја игравме е The Disappearance of Sherlock Holmes. Во описот на играта стои:

На Шерлок Холмс му треба вашата помош! Познатиот новинар Игнациус Лојд беше убиен набргу по објавувањето на натписот во кој Шерлок Холмс беше претставен како измамник. Постојат траги кои го прават Холмс главен осомничен за убиството… а Холмс исчезна! Д-р Вотсон ја побара вашата помош да го решите случајот. Како Холмс стана обвинет? И каква улога играше Мориарти? Можете ли да му помогнете на д-р Вотсон во потрагата по докази, следењето на трагите и решавањето на случајот, загатка по загатка?

Доктор Џон Вoтсон ве контактира откако Шерлок Холмс исчезнува без трага. Одите во куќата на Холмс каде Вoтсон ви дава писмо кое му го оставил Холмс. И тука играта започнува.

Откако ќе ја отворите кутијата ќе наидете на упатството кое е скоро исто за сите Exit the Game игри. На почеток, не ви е дозволено да ги погледнете одблизу материјалите за играта пред да започнете да играте. Исто така не е дозволено да ги анализирате и отворите картите. Со следење на инструкциите ќе знаете кога да располагате со материјалите.

Материјалите за играта се следните:

88 карти
4 карти со приватни пораки (personal message)
21 карти со загатки
33 карти со одговори
30 карти за помош
1 диск за декодирање
19 чудни предмети
7 листови со локации
1 писмо
1 матрикс
1 мапа на градот
1 слика од паркот

Исто така добредојдено е да имате материјали за запишување на белешки, пенкало, молив, гума за бришење и ножици. Може да користите стоперка за времето или да ја инсталирате Kosmos Helper App. Апликацијата доаѓа и со амбиентален саундтрак додека играте.

Картите се поделени на загатки, одговори и помош. Ако заглавите некаде во текот на играта може да погледнете во картите за помош кои се асоцирани со одредени знаци и ви даваат хинт 1, хинт 2 и решение.

Чудните предмети од листата се интерактивни; некогаш е потребно да ги составите, комбинирате, да употребите ножици.

Декодер дискот е наменет за навигација низ играта. Со негова помош проверувате дали сте на вистинскиот правец во играта, дали доказите се валидни, и дали лозинките кои ги наоѓате во текот на играта се правилните.

Играта е за напредно ниво, интерактивна и доволно забавна да сакате да ја завршите веднаш.

Ова се генерални информации за играта и не сакам да ви откривам детали. Ќе имате од неколку часа, до неколку дена забава, во зависност од колку играчи ја играте.

EXIT друштвените игри може да ја најдете во Goblin Games.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments