IBM предвидува дека во следните пет години компјутерите ќе ги имаат истите сетила како и луѓето. Предвидувањето доаѓа во „5 in 5“ листа во која IBM секоја година ги предвидува трендовите во технологијата. Според IBM, паметните телефони, таблет, лаптоп или десктоп компјутери ќе ни овозможат преку нив да почуствуваме допир, вид, вкус, мирис или звук, односно компјутерите подобро ќе ги разбираат сетилата.
IBM веќе работи на апликација која ќе овозможи преку вибрациите на телефонот да ја почувствувате структурата на материјалот. Преку „силата“ на вибрациите ќе може да се разликуваат памучна од свилена кошула. Па преку вибрацците ќе може да го „излажеме“ мозокот дека во раката имаме некаков материјал кога тој не е таму.
[youtube]Gg3tmZrwbDs[/youtube]
[youtube]YwfJVwknvRo[/youtube]
Со помош на расчленување на храната на молекулите од која таа е составена, како и вкусот кој го го испуштаат, компјутерот ќе може да ви каже дали некое јадење ви се допаѓа или не уште пред да го пробате. Слично на ова, ќе можете да „генерирате“ јадење кое е здраво, а истовремено и вкусно. Слично како и јадењето и мирисот може да се одреди според молекулите кои кои компјутерот ги „вдишува“. Ако вакви сензори се вградат во домот или на пример во телефоните, уредите ќе можат да „намирисаат“ дали сте болни уште пред да се појават симптомите на болеста.
[youtube]RYkSvNKdyBM[/youtube]