Изгледа дека ќе беше преоптимистично да веруваме дека по Nvidia и AMD ќе претстави графички картички кои ќе бидат лудо побрзи од претходниците. Сепак има добри вести од AMD, новата Radeon RX 480 ќе чини само 200 долари. Се чини дека со овој потег AMD нема да се фокусира на „најизгорените“ гејмери за кои единствена опција засега се GTX 1070 и GTX 1080, но сите кои се малку „поразумни“ ќе мора да ја одберат оваа опција или да почекаат да излезе поевтината GTX 1060.
Графичката доаѓа со Polaris 10 архитектура и 36 процесирачки единици. Доколку нема некакви промени тоа значи дека бројот на графички јадра е помеѓу 1.792 и 2.560 (PC Gamer прогнозира 2.304). Брзината на VRAM е 8000 MT/s, а ќе бидат достапни два модели со 4 и со 8GB DDR5. AMD успешно ги зголеми перформансите во однос на потрошувачката и тврдат дека ова е нивната најефикасна картичка. Според податоците перформансите на графичката картичка се споредливи со Gefoce GTX 980 и Radeon R9 390X.

Ова се добри вести за сите, прво перформансите на картичката се исти со „high-end“ каричките на Radeon, а можеби и поважно е што конечно имаме достапна картичка која е подготвена за виртуелната реалност. Ова значително ја намалува и цената на компјутерите кои се подготвени за виртуелната реалност, од 1.000 на нешто повеќе од 500 долари.
Волку ниската цена нa графичката картичка овозможува AMD да биде конкурентен и со перформанските. Така двe RX 480 чинат 400 долари, 200 долари помалку од GTX 1080. Но во SLI перформансите на пример за Ashes of Singularity се подобри од оние на 1080 (играта е оптимизирана за AMD), а AMD тврди дека картичката е и повеќе од способна за новиот DOOM.
Radeon RX 480 е првата графичка картичка која доаѓа со архитектура Polaris, и најверојатно наскоро компанијата ќе претстави повеќе картички од серијата. Она што е јасно е дека веќе не постои причина за купување на Geforce 9хх графички картички, но и на Radeon R300 серијата. Наместо ова корисниците можат да почекаат до јули и да купат GTX 1070, Radeon RX 480 или доколку биде достапна Geforce GTX 1060, цената и перформансите на останатите картички се едноставно превисоки или неконкурентни за да се оправда било каква надградба. Дополнително, советот за прескокнување на генерација на картички останува.
AMD RX480 започнува со продажба на 29 јуни, а најверојатно пред тоа ќе го видиме одговорот на Nvidia, со GTX 1060 моделот.







