3 коментари 1 мин. читање

И Nvidia GTX 1070 е чудовиште, но нема да ви го испразни новчаникот

По Nvidia GTX 1080 која ја прогласивме за гејминг чудовиште, Nvidia ја претстави и втората графичка каричка направена со 16 nm архитектура Pascal. Првите две картички се наменети за поголемо оптоварување, и иако новата картичка иако е послаба од 1080, сепак без проблем ги надмина бенчмарк тестовите на Titan и GTX 980 Ti.

Единствената графичка картичка која е побрза од GTX 1070 е GTX 1080. Titan X e блиску, но сепак е околу 10 отсто побавен, покажуваат тестовите на PC Gamer кои имаа можност да ја тестираат. Советот на експертите на PC Gamer е доколку ја имате претходната генерација на графички картички, тогаш да ја прескокнете оваа надградба. Доколку ја немате последната верзија, тогаш новите графички картички значително ќе ви ги подобрат перформансите. Двете досега претставени картички од Geforce 10xx серијата се повеќе од доволни за играње во виртуелната реалност.

Она што ќе ги израдува сите пак е дека перформансите сега доаѓаат за половина од цената. Titan X која неoдaмна беше најмоќната картичка чини над 1000 долари, а GTX 1070 е достапна за половина, односн 380 долари и 450 долари за founder-изведба.

PC-Gamer-1070

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top