0 коментари 2 мин. читање 1 јуни, 2016

Atari најавува влез во „интернет на нештата“

Atari планира да се врати во нашите домови преку „интернет на нештата“, наместо преку гејминг конзоли што ја направија компанијата да биде позната. Аtari најави партнерство со Sigfox со кои ќе креираат повеќе заеднички производи. За жал, изгледа дека Atari ќе биде единствениот познат бренд кој Sigfox ќе се обиде да го искористи за да ги продаде своите производи.

Засега нема податок за точните производи кои ќе бидат креирани, но најавени се уреди кои ќе опфаќаат речиси сè: од уреди за домашни миленичиња до уреди за безбедност на домот. Партнерството најавува и некаква нова супер-интересна димензија на гејмингот, но засега нема податоци што би можело да биде ова, вели Verge.

Она што може да биде некаква предност е што уредите нема да се приклучат директно на интернет, туку на Sigfox мрежата. Таа е димензионирана за ретки и куси сигнали, па можеби ќе може да се заштеди на електрична енергија, констатира Verge.

Првите уреди не само што не се најавени туку нема ни дата за кога би можеле да ги очекуваме. Компанијата во моментов е достапна единствено во делови на Европа, но најавува влез во Австралија и САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}