Што треба да знаете доколку сакате да приклучите PSVR на PS5

Верувале или не, PlayStation 5 се има продадено во 10 милиони примероци. Штета што 9 милиони се купени од скалпери, како што се пошегува еден гејмер. Во случај да сте еден од ретките кои успеаја да зграпчат PS5, шансите се да сакате да приклучите PSVR на најновата конзола на Sony. Во тој случај, ова се работите кои треба да ги земете во предвид:

  • Sony работи на нов PSVR уред специјално осмислен за користење на максималните капацитети на PS5. Но, во моментот она што вие можете да приклучите е PSVR кој се испорачуваше за PS4. Имајте во предвид дека уредот нема да направи чудо и, од она што имаме разберено, ќе понуди слично искуство како кај PS4 Pro.
Камерата која ја гледате на оваа слика е потребна да се приклучи на PS5, но само со посебен адаптер
  • Нити најновата PS камера, нити DualSense PS5 контролерите се компатибилни со PSVR. За да користите PSVR, потребнa e камера и контролер од PS4. Контролерот без проблем се приклучува на PS5. За камерата, меѓутоа, потребно е дополнителен адаптер.
Најновата PS5 HD камера никако не се сака со PS VR и нема да можете да ја користите за навлегување во виртуелната реалност.
  • PSVR уредите кои моментно се продаваат на ново веќе доаѓат со адаптерот кој се приклучува на камерата за PS4.

Но, доколку имате купено PSVR пред излегувањето на PS5, тогаш шансите се дека ви е потребен адаптер. Ги контактиравме од Галерија, официјалниот застапник за Sony во Македонија, но нивни претставници се изјаснија дека немаат само адаптери, но ќе пробаат да дознаат повеќе и дали е можно да набават.

По правило, адаптерот следува бесплатно на сите сопственици на PSVR и треба да биде испорачан директно од Sony, но кога ја посетивме официјалната страна за нарачка и го внесовме кодот од нашата PSVR направа, добивме информација дека има проблеми со процесирање на испораката. Веднаш под тоа, стои дека испорака на адаптерот е само за региони во кои PS VR е лиценциран за продажба. Македонија, како што знаете, не фигурира во листата од поддржани земји.

Спас во AliExpress?

Единствено решение за овој проблем можеби нема да ви се допадне , особено кога ќе го земете во предвид времето кое е потребно да пристигне нарачката. Продавницата AliExpress продава еден куп вакви адаптери, со цени кои почнуваат од 230 денари, па нагоре. Адаптерот за кој ние се одлучивме чини 250 денари и има бесплатна испорака. Но, времето на испораката се движи од 30 до 50 дена. По се изгледа, ништо не се случува веднаш, барем не кога се работи за PS5.

Имате ли PS VR и PS5? Успејавте ли да ги приклучите и дали сте задоволни од искусеното? Споделете ги вашите впечатоци и совети во наредните 30 до 50 дена!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Се работи на нов PS VR уред кој ќе има запрепастувачко висока резолуција (2000 x 2042, од око) и ќе дозволи целосно 4K HDR искуство. Доколку сакате моментниот PS VR уред да го користите преку PS5 мора да земете неколку важни работи во предвид. […]