ИТ Настан: Ahoy Mateys! Претставете се на Pirate Summit Skopje

во ИТ.МК

Pirate Summit е глобален настан за стартапи и инвеститори кој се одржува низ 50 градови во Европа и на Блискиот Исток, а еден од тие градови ќе биде и Скопје. Настанот е закажан за 20-ти јуни, и е во организација на Superfounders Skopje и Balkan Venture Forum.

Пиратскиот настан ќе им даде шанса на локалните стартапи да се претстават пред меѓународни ментори и инвеститори, и да привлечат од 50.000 до еден милион евра инвестиција. Засега единствен потврден говорник е Улдис Литертс, но наскоро ќе бидат додадени и останатите. Стартапите кои ќе се натпреваруваат за инвестиција треба да бидат во рана фаза на развој, да се технички компании и да имаат прототип од својот продукт. Победниците на настанот во Скопје во септември ќе одат да се претстават на Walk the Plank натпреварот во германскиот Келн.

Бесплатниот настан е закажан за 20 јуни во просториите на Superfounders, а регистрацијата е веќе отворена. Стартапите кои сакаат да се претстават може тоа да го направат тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk