Microsoft работи на нова технологија за паметни телефони која ќе може да препознае како се чувствува корисникот и автоматски да го сподели расположението со своите пријатели на друштвените мрежи. Истражувачкиот дневник на развивачи кои работат во Microsoft кампот во Азија открива дека компанијата работи на сензори за детектирање на расположението.
Принципот на кој ќе работи телефонот е многу едноставен, барем теоретски, а телефонот треба да го препознае вашето расположение кое ќе биде категоризирано во неколку категории: напнат, среќен, вознемирен, досадно, смирен, под стрес или возбуден.
„Настрана од приватноста, оваа технологија ќе ги подобри друштвените мрежи така што на корисниците ќе им се овозможи автоматско споделување на своето расположение“, пишува во истражувачкиот труд. „Така корисниците ќе знаат како да се однесуваат во комуникацијата“.
Уредите со помош на Mood Scope во зависност од вашето расположение би можеле да ви препорачат одреден вид на музика, како што тоа го прави Netflix со филмовите. Исто така, во извештајот стои дека Microsoft веќе има развиено прототип кој го погодува расположението во 66% од случаите. Додека пак, во истражувањето врз 32 учесници, точноста на погодување на расположението за два месеци пораснало на неверојатни 95%.







