И денеска вештачката интелигенција продолжува да преовладува во медиумскиот простор и да е топ тема во ИТ индустријата. По големата експанзија и општото прифаќање на оваа нова технологија, на ред доаѓа нејзината регулација…
Останати кратки вести од ИТ индустријата за денот се:
- Според Европската Унија, платформи кои користат генеративна вештачка интелигенција како ChatGPT и Midjourney, ќе мора да го објават секој материјал заштитен со авторски права кој бил користен за тренинг. прочитај повеќе
- Apple и Google заедно работат на создавање на индустриски стандард за регулирање на Bluetooth следењето, со фокус на тракерите како Airtag. прочитај повеќе
- Europol и FBI во заедничка акција уапсија 288 трговци и потрошувачи и запленија над 50 милиони евра кои на дарк веб продавале дрога и оружје илегално. прочитај повеќе
- Обединетото Кралство не дозволува Microsoft да гo купи Activision-Blizzard за 69 милијарди долари поради страв дека компанијата ќе владее со пазарот на клауд инфраструктура. прочитај повеќе
- Италија ја тргна забраната за ChatGPT откако се воведоа нови правила за приватност. прочитај повеќе
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови