Yahoo ja купи Qwiki, апликацијата за правење филмови од слики и музика

Yahoo продолжува со своето купување на стартапи кои ќе треба да го направат интернет гигантот повторно кул. По спектакуларното купување на Tumblr, и претходната аквизиција на Summly, овојпат ја купија iPhone апликацијата за креирање филмови, Qwiki. Се работи за апликација која ги претвара корисничките слики, музиката и видеото во еден единствен филм.

Yahoo вели дека Qwiki ќе продолжи да се развива, но тимот зад апликацијата ќе биде префрлен во канцелариите на Yahoo во Њу Јорк. Според AllThingsD, цената е околу 40 милиони долари, а наскоро може да се очекува Yahoo за истите пари да ја купи и апликацијата за адреси, Xobni.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments