Апликација на денот: Feedly e одлична алтернатива на изгасениот Google Reader

Google Reader и официјално е мртов, а сервисот кој ги придоби поголемиот дел од корисниците е Feedly. Нудејќи ја можноста да ги импортирате вашите RSS извори од Reader уште на самиот почеток, Feedly е одличен избор за RSS читач, како на десктоп, така и на мобилните уреди. Доколку сакате да ги зачувате RSS изворите, имате можност до 15 јули да го сторите тоа.

Што се однесува до Feedly за Android, се работи за добро дизајнирана апликација која на веќе постоечките корисници на некој RSS сервис би им била едноставна за користење, додека некои што првпат се среќаваат со RSS, можеби на почетокот ќе имаат потешкотии околу снаоѓањето. За разлика од Google Reader кој беше многу поедноставен, Feedly е фокусиран на визуелниот дизајн и нуди неколку начини на прегледување на вестите.

Feedly има вградено и опции на прелистувач, па така доколку читате од извор што не го нуди целиот текст преку RSS, можете да кликнете да го прегледате целиот веб сајт без да ја напуштите апликацијата. Како дополнение на тоа, корисниците многу полесно и побрзо може да ги споделуваат омилените вести на своите профили на друштвените мрежи. Доколку сте човекот во движење и не сакате да испуштите вест од вашите омилени сајтови, Feedly за Android е одличен избор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments