Гледајте телевизија од деведесетите со My 90’s TV

во Вести

Носталгијата знае да биде исклучително моќна работа, особено кога се работи за телевизијата и бројните работи што порано биле прикажувани.

My 90’s TV е феноменален веб сајт кој ви дозволува да гледате најразлични работи кои биле прикажувани за време на деведесетите години од минатиот век, почнувајќи со цртани, движејќи се преку реклами, филмови и музика, а завршувајќи некаде со спорт, сапуници и трејлери од филмови.

По посетување на веб сајтот, започнувате со гледање така што кликнувате на копчето од прикажаниот телевизор, а со кликнување на копчињата за менување канали, се префрлувате од една на друга содржина. Благодарение на понудената листа, можете да изберете какви работи сакате да гледате. Па така, доколку не сакате да гледате содржини поврзани со спорт, ја дештиклирувате таквата опција за да спорт не ви се прикажува при листањето канали.

Интересно е тоа што преку истиот веб сајт можете да изберете да гледате содржини кои биле прикажувани и во други децении, како седумдесетите, осумдесетите, и слично.

Ех, добрите стари времиња…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments