Македонската еСпорт Федерација стапува во партнерство со Fortuna Esports

Македонската еспорт федерација објави креирање на Национална еспорт лига. Лигата е во соработка со регионалната Fortuna Esports организација.

Станува збор за лига во која натпреварувачите ќе се натпреваруваат во League of Legends. Македонската еспорт федерација заедно со Fortuna Esports ќе бидат задолжени за организација и промоција на натпреварите во Македонија.

„Ова е огромна шанса за МЕСФ да соработува со пријателска и соседна организација и заеднички да делува на подигнување на свеста за тоа дека еСпортот е спорт. МЕСФ неуморно работи на тоа играчите и тимовите да ги добијат должните заслуги и за тоа дека истите тие се важен дел од ова друштво. Бројот на гејмери постојано расте, па затоа потребно е да се направи вистинска структура и систем кои би се бавеле со нив. Партнерството со Фортуна и Challengermode нам ќе ни донесе доста важен know-how кој е неопходен за унапредување на нашиот систем и прилика за нашите играчи да се појават на меѓународни натпревари,“ вели Бобан Тотовски, претседател на Македонската еСпорт Федерација.

Ширењето на националните лиги го поздрави и Михајло Џарил директор на Fortuna Esports.

„Oсобено ни е драго што интересот за системот на NEL се шири и дека веќе во наредната EBL сезона ќе имаме барем пет Нацонални Лиги кои ќе ги крунисаат своите шампиони. Имајќи на ум дека нашата цел беше да воспоставиме четири организации во NEL во оваа фаза, можеме да заклучиме дека со ова партнерство целта е постигната и надмината. МЕСФ е повеќе од сигурно дека е најактивната организација во својата земја и зад нив стојат голем број на успешни натпревари, па затоа сме многу задоволни што го најдовме вистинскиот партнер кој ќе ни помогне во овој проект.“

Веќе е објавен и распоредот за првата сезона:

  • 14 април – Квалификации – ќе се одржат онлајн, бројот на тимови учесници е неограничен.
  • 21, 23, 25 април и 3 и 5 мај – Лига – Најдобрите шест тима од квалификациите ќе се натпреваруваат за влез во најдобрите 4.
  • 1 и 12 мај – Плејоф и финална фаза.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk