Бесплатни теми, фотографии и икони за презентации

1 коментар 1 мин. читање

Сите оние кои прават PowerPoint презентации често се наоѓаат во ситуација да бараат три работи: теми, фотографии, или икони. iSlide е додаток кој релативно успешно ја задоволува вашата потреба за овие работи, без да ве осиромаши во процесот. Прво што треба да направите е да го преземете новиот iSlide така што ќе кликнете тука, па на црвеното Download Now копче. Отворете го и инсталирајте го преземениот фајл.

При вклучувањето на PowerPoint ќе видите iSlide прозорец кој ќе понуди да ви објасни како функционира ново-здобиеното јазиче. Кликнете Skip доколку сакате да го прескокнете туторијалот и создадете iSlide акаунт. По завршување, ќе видите ново iSlide јазиче на вашата лента со јазичиња. Од овој моменти имате на располагање дополнителни теми, фотографии и икони за вашите презентации, вметнати во соодветни категории. Некои од елементите чинат пари и за да добиете увид само за, да кажеме, бесплатните теми, кликнете на паѓачкото мени од горната десна страна и изберете Free.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top