Women in Tech Македонија – Светски лидер и инспирација за над 100 земји-членки во поддршка на жени во технологија!

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

На глобалниот Women in Tech® Самит одржан во Осака, Јапонија, Women in Tech Македонија по вторпат доби награда за светски лидер во поддршка на жени и девојки во технологија како највлијателна земја во глобалната мрежа која брои над 100 држави. Оваа награда ја потврдува силата на една мала, но моќна заедница што со визија, страст и посветеност менува животи и гради инклузивна иднина.

“Women in Tech Македонија е повеќе од платформа – тоа е заедница што обединува луѓе околу идејата дека знаењето треба да биде достапно, можностите – еднакви, а поддршката – континуирана.

Благодарна сум на секој ментор, секој партнер, секој што ни даде доверба и ни помогна да стигнеме до тука. И ова е само почеток“” – изјави Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Macedonia.

Нашата земја се издвојува меѓу повеќе од 100 земји благодарение на динамичните програми, постојаната вклученост во заедницата и придонесот за раст и поддршка во професионалниот развој на жените и девојките во технологијата.

„Ова признание доаѓа симболично на Меѓународниот ден на девојчиња во ИКТ – и токму затоа има посебна тежина. Тоа е потврда дека кога работиме со срце и визија, ниедна пречка не е преголема. Македонија можеби е мала по територија, но е голема по влијание.“ – изјави Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Македонија.

Дополнително она што Women in Tech ја прави навистина моќна иницијатива е нејзината глобална заедница – мрежа од над 100 земји, со заедничка мисија и вредности. Да се биде дел од Women in Tech не значи само пристап до локална поддршка и нетворкинг – тоа значи пристап до глобални ресурси, ментори, програми за стипендии, конференции, инвестиции, вмрежување и можност за меѓународни соработки.

Членството во Women in Tech отвора врати кон:

🔹 Настани и конференции со глобални лидери во технологијата
🔹 Можности за меѓународно менторство и едукација
🔹 Поврзување со професионалци и компании ширум светот
🔹 Пристап до ексклузивни обуки, објави за работни позиции и tech-трендови
🔹 Промоција на женски лидери и претприемачи на глобално ниво

Оваа заедница е мост што ги поврзува девојките од сите земји со најголемите иновациски центри во светот, вклучувајќи и NASA истражувачкиот центар.

Успехот на Women in Tech Македонија е резултат на стотици иницијативи: од конференции како WITCON, PM2, QA Trends и UI/UX, до хакатони како Ways2Help, менторски програми, обуки за лидерство и стратешки соработки со универзитети, компании и партнери. Овие програми овозможуваат на девојки и жени пристап до едукација, вработување и лидерски можности во секторот.

Инспиративна приказна е онаа на Дина Дамјановиќ, која од сопственичка на хостел, преку обука од Women in Tech, влезе во светот на програмирањето и денес води ИТ фирма. Преку вакви примери, организацијата покажува дека вистинската трансформација почнува од поддршката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk