Интересно, Македонија е на трето место од 138-те земји каде може најбрзо да се стартува бизнис, односно може за само 3 дена да се регистрира фирма, иако другите оценки покажуваат дека тоа не значи ништо бидејќи зависи во какви услови ќе работиш.
Покрај иновацијата исто ниско, со 2.9, 3.0 и 3.1 се оценети „независност на судот“, „ефикасност на легалниот систем за решавање спорови“, како и „заштита за авторски права“.
Вкупниот индекс за мрежна подготвеност на Македонија е 3.8. Највисоката оценка оди за „користење на друштвените мрежи“, осносно 5.6, а Македонија има добри оценки и за „пристап до дигитална содржина“, „интернет пристап во школите“ и „владин успех во промоција на ИКТ“.
Според поврзаноста Македонија е добро поврзана, 23-та земја според мобилна поврзаност. Оценката за индивидуална спремност е доста добра 4.6, во поглед на корисниците, иако само 51.8% од македонските граѓани се на Интернет, што мора да се земе в обзир бидејќи голем процент од неповрзаните корисници се од руралните средини кои и не се доволно спремни за користење на веб сервиси.
Најдобро рангирана земја од 138-те земји во извештајот е Шведска, следена од Сингапур, Финска, Швајцарска, САД, Тајван и Кина… балканските соседи на Македонија се Црна Гора на 44-то место, Хрватска на 54-то, Грција на 64-то место, Бугарија на 68-мо, Албанија на 87-мо, Србија на 93-то и Босна на 110-то место.
Целиот извештај може да го видите тука (.pdf oд 435 стр, Македонија е на 236-та страна). (кликнете за поголема слика)










ako Mk e 72…. ne sakam da znam u Tanzanija kako e