До каде е дигитализацијата на УКИМ?

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот Кирил и Методиј е најголемото студентско тело во Македонија кое што ги застапува правата на студентите и претставува врска помеѓу студентите и институциите.

Целта и задачата на ова студентско тело е да креира подобри можности за студентите во текот на целиот студиски процес.

Како најголем и најстар универзитет во Македонија, УКИМ за жал не се најде меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа и за изминатава 2023 година.

Кога се работи за подобрување на образовниот процес, дигитализацијата на УКИМ веќе претставува еден вид на вечно прашање, а во оваа насока поразговаравме со претседателот на УСС-УКИМ Александар Николовски.

Александар Николовски

Како УСС-УКИМ може да допринесе во процесот на дигитализација?

Како дел од комисиите на УСС е и комисијата за дигитализација, чиј претседател е дел од комисијата на УКИМ која ја има таа надлежност. По почетокот на мандатот доставивме барање за итен почеток на овој процес, кој е дел и од програмата на новиот Ректор.

Преку идеи на студентите и меѓусебна координација можеме многу да допринесеме процесот да е побргу завршен.

До кога студентите на УКИМ ќе користат хартиени индекси?

Нашиот предлог е од академската 2025/26 со претходни законски измени, индексот да не е во хартиена форма.

Кога е почнат и каде е сега процесот на дигитализација на УКИМ?

Отпочнат е со Iknow системот, но сеуште има доста предизвици кои треба да се разрешат. Во моментов потребно е да се укинат обрасците за упис и заверка, за кои доставивме барање тоа да се изврши до почетокот на новата академска година, а од следната како што напишав, со законски измени индексот и пријавите за испит да бидат целосно дигитализирани.

Поголемиот предизвик за дигиталицијата е од технички или бирократски аспект?

Сметам дека и двата аспекти создаваат потешкотии во процесот.

Колку УСС-УКИМ е популарно на социјалните мрежи, сподели неколку интересни бројки…

Од почетокот на нашиот мандат активно работиме на зголемена координирност и комуникација кон студентите.

По 4 години функционално тело, формиравме веб страна, потоа креирана е Вибер група УКИМци, која брои над 3000 студенти за константна комуникација со студентите како и Дискорд сервер на УКИМ кој сеуште се развива.

Имаме позитивен пораст на следбениците на Инстаграм за 44% од почетокот на нашиот мандат (ноември 2023), како и поголема бројка на опфат на студенти кои ги добиваат нашите информации.

Постојано испраќаме информативни мејлови до сите студенти.

Колку УСС-УКИМ следи примери од регионот и пошироко низ Европа кога станува збор за дигитализацијата, разните организации, edtech стартапите и тоа што тие го нудат

Долгорочно нашиот тим ќе се залага за сеопфатна дигитализација. Овде станува збор за поголем процес во кој покрај дигитализацијата на универзитетско ниво, потребна е интегрирана дигитализација. Под интегрираност подразбирам една картичка (физичка или дигитална) за целиот студентки стандард – индексот, студентскиот оброк, јавниот превоз, европската младинска картичка, како и легитимацијата, да бидат вметнати во едно техничко решение.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk