Корисниците и инфраструктурата ја движат Македонија напред кон информатичко општество

во ИТ.МК

Mакедонија е во друштво на Русија, Ел Салвадор, Казакстан и Арменија на листата на десетте најподобрени земји од 2012-та година, според извештајот за Глобалната информациска технологија за 2015-та година (.pdf) на Светскиот економски форум. Само Словенија на 37-мо место од балканските земји има подобар рејтинг, додека Хрватска и Црна Гора се на 54-то, односно 56-то место, а Србија и Албанија заостануваат на 77-мо и 92-рото место.

Глобално, Македонија е на 47-то место според Networked Readiness Index, односно вкупен резултат која се одредува според шест принципи како бизнис средината, ИТ вештина и инфраструктура, е-Влада и други фактори што одредуваат колку едно општество е информатичко. Тоа што е интересно е што Македонија напредна за 10 места од 2014-та година. Споредено со лани, најголем напредок има во достапноста на ИТ, што резултира со поголем број на домаќинства поврзани на Интернет, и зголемен број на корисници кои користат мобилен интернет. Македонија исто така е прва во светот според конкурентноста на интернет и мобилниот пазар.

Но, индивидуалното користење напредува поради главно инфраструктурата, сепак нема којзнае колку голем напредок во бизнисот и иновациите. Брзо се отвара бизнис, има пристап до најнови технологии, но фирмите како да не се заинтересирани за абсорбирање на технологии, ниту да иновираат. Според тие две оценки македонските компании се наоѓаат на 105-то место, односно на 91-мо место од вкупно 143 места. Сепак може да се забележи дека има напредок од 23 места во трудот да се подобрат вештините на вработените.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments