0 коментари 2 мин. читање 16 јануари, 2024

Кратки ИТ вести: Повторни вработувања во ИТ, биткоинот расте, стартува ChatGPT продавницата

Вработувањата во ИТ секторот повторно треба да започнат оваа година. Податоците на Interviewing.io покажуваат дека дел од големите компании како Meta и Netflix веќе агресивно започнале да вработуваат. Останатите компании од FAANG не вработуваат сѐ уште, но очекувањата се дека и во Apple, Amazon и Google ќе има промени во оваа насока. Прочитај повеќе

Почетокот на годината е одличен за крипто ентузијастите и инвеститорите во крипто валути – а најголемата криптовалута, биткоинот за првпат по април 2022 година надмина 45000 долари. Прочитај повеќе

Со еден месец доцнење, OpenAI ја отвори ChatGPT продавницата оваа недела. Првичната идеја беше оваа продавница да биде официјално достапна од ноември, но бурниот период за компанијата го направи своето. Продавницата на која ќе бидат достапни различни прилагодени модели на GPT ќе им овозможи на „GPT builders“ да ги споделат и да заработат од јавните GPTs. Прочитај повеќе

Avatar photo
Напишано од

Бојан Стојковски

Бојан е фриленс новинар кој повеќе од една деценија обработува теми од областите на технологијата и бизнис во земјите од Западниот Балкан. Неговите стории се објавувани во глобални медиуми како што се Foreign Policy, Wall Street Journal, ZDNet и Oxford Analytica.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top